Татко ми се жали дека на палење на колата, вергла околу 10 секунди пред да запали. Пали значи, ама со верглање. Се сомневал дека се греачите, па некој му рекола да ги провери со пипкање негде со сијаличка, плус-маса. Според тоа што го направил вика дека се добри. Филтер тазе сменет, акумулатор исто така прилично нов.
Некој да има идеја што би можело да се провери?
Иначе се работи за Шкода Фабиа, 2005 година 1.9 сди мотор. Моментално е во Охридско, па ако знае некој таму добар сервис да ми каже да ја однесе да ја видат.