Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1859208 пати)

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3000 на: 15 Октомври 2016, 00:20:42 am »
Колеги форумџии, би ве замолил за што попрецизен одговор, на многу неконкретно прашање ;D

Имено, што се останато може да тропка или клопка од предница ако се земе фактот дека 4 различни механичари ми кажаа дека подвозјето ми е топ ? Амортизери проверени на 80%, гумици на амортизери сменети уште кога ја купив. Единствено добив одговор од 1 механичар дека гумиците на балансштангла јавиле малку луфта, но од официјалниот сервис во Битола го негираа тоа, со сомнеж на лоши амортизери без разлика што се на 80 %.

Звукот најчесто го слушам десно напред, на стар асфалт или неасфалтирани патишта ( каменести попрецизно ) и кога преминувам лежечи полицајци особено оние топчести во 3 реда што се.

Патем заборавив, се работи за Меган ФЛ.



Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3001 на: 15 Октомври 2016, 00:56:48 am »
Колеги форумџии, би ве замолил за што попрецизен одговор, на многу неконкретно прашање ;D

Имено, што се останато може да тропка или клопка од предница ако се земе фактот дека 4 различни механичари ми кажаа дека подвозјето ми е топ ? Амортизери проверени на 80%, гумици на амортизери сменети уште кога ја купив. Единствено добив одговор од 1 механичар дека гумиците на балансштангла јавиле малку луфта, но од официјалниот сервис во Битола го негираа тоа, со сомнеж на лоши амортизери без разлика што се на 80 %.

Звукот најчесто го слушам десно напред, на стар асфалт или неасфалтирани патишта ( каменести попрецизно ) и кога преминувам лежечи полицајци особено оние топчести во 3 реда што се.

Патем заборавив, се работи за Меган ФЛ.
Претпоставувам спони, тие може да не се приметат при проверка.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1832
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3002 на: 16 Октомври 2016, 11:45:53 am »
Колеги форумџии, би ве замолил за што попрецизен одговор, на многу неконкретно прашање ;D

Имено, што се останато може да тропка или клопка од предница ако се земе фактот дека 4 различни механичари ми кажаа дека подвозјето ми е топ ? Амортизери проверени на 80%, гумици на амортизери сменети уште кога ја купив. Единствено добив одговор од 1 механичар дека гумиците на балансштангла јавиле малку луфта, но од официјалниот сервис во Битола го негираа тоа, со сомнеж на лоши амортизери без разлика што се на 80 %.

Звукот најчесто го слушам десно напред, на стар асфалт или неасфалтирани патишта ( каменести попрецизно ) и кога преминувам лежечи полицајци особено оние топчести во 3 реда што се.

Патем заборавив, се работи за Меган ФЛ.




И јас каде уште не бев на проверка и исто како и кај тебе, сите викаа дека подвозјето е топ, за да на крај излезе дека едната плочка онаа внатрешната не е стегната како што треба, ја извадив ги раширив желевцата кој ја прицврстуваат и тропкањето инстантно го снема.

На другата кола пак, крстачот на волан правеше чуден звук, го притегнав малку и таму се изгуби звукот.

Види ги и кај тебе овие две работи.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3003 на: 16 Октомври 2016, 17:12:45 pm »
да не веруваш колку многу може да тропаат плочки на дискови, поготово ако има некоја мала ислривеност на дисковите... они како криво ќе ги одлепат плочките од диск, затегачот на плочките не ги држи залепени и на дупчиња ситни или одпакнатини разни, тропаат како железо на железо да лупа.... и јас го има  јадено истиот патлак на времето....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен hopp3r

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3004 на: 16 Октомври 2016, 17:16:44 pm »
Имам проблем со отклучување на автомобилот..Т.е го заклучив и сега несака да се отклучи ни на левата ни на десната врата има централно и и кога го вртам клучот како замрзнато е ..(не се врти) единствено може да се отвори багажникот.пробав со рака да ги отворам вратите (и ззадните и предните) но неможе.. во што може да биде проблемот? (се работи за Опел Корса 2000)..
Фала однапред..

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3005 на: 16 Октомври 2016, 17:28:42 pm »
Некои коли имаат таканаречен deadlock, при заклучување, механички ја откачуваат бравата од рачките. Веројатно и твојата го има тој систем, прво провери акумулаторот во каква состојба е. Може да те зеза слаб напон/недоволно струја...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3006 на: 16 Октомври 2016, 18:20:27 pm »
Фала, Марче, Калимеро и Онак. Утре баш ке одам да проверам и ке споделам што ке ми кажат.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2606
  • Custom made interiors
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3007 на: 16 Октомври 2016, 22:42:02 pm »
Препорачајте ми водна пумпа. Прашав еден мајстор ми кажа да си земам SKF, добри се?

Отсутен vlatko05

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
  • k24a3
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3008 на: 16 Октомври 2016, 23:05:59 pm »
Препорачајте ми водна пумпа. Прашав еден мајстор ми кажа да си земам SKF, добри се?
меѓу најдобрите ако не и најдобри

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3793
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3009 на: 20 Октомври 2016, 11:48:10 am »
Ekipo mi treba kontakt od nekoj sto ima delovi ili rastura suzuki sfiwt, konkretno mi treba senzor na palenje, za sfiwt 1996, so motor 1.3 benzin? :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3010 на: 20 Октомври 2016, 12:10:38 pm »
Барај го Рики :D

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3793
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3011 на: 20 Октомври 2016, 12:18:31 pm »
Broj davaj  ;D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3012 на: 20 Октомври 2016, 19:26:43 pm »
Дали има некое инфо како се имаат покажано 1.6 THP во Пежо/Мини и 1.8 TSI на ФВ?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2274
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3013 на: 21 Октомври 2016, 11:03:08 am »
Здраво на сите, имам проблем со моторчето за рециркулација за воздух/клима (барем така покажа на дијагностика во АЦЕ клима или Цеко), се работи за Голф 5 климатроник, имено кога ќе пуштам на обично дување или клима, не влегува воздух внатре а се слуша дека бучи напред, работи вентилаторот, работи само ан рециркулација кога е вклучено ама знаете и сами дека станува загушливо по некое време....и ми кажаа кај Цеко дека се работи 99% за моторчето за рециркулација, односно не ги отвара клапните (имало 2 клапни, горе, испод филтерот за воздух)...они многу не се играат со овие работи и ме советуваа да побарам половно моторче за рециркулација....ми треба Ваш совет: 1. Каде можам да најдам такво половно моторче и евентуално цена да не знае некој, 2. Дали може да поправи моето моторче (слушнав дека е можно некои диоди да се изгорени и само тоа да се среди) и кој се занимава со тоа тука по Скопје, однапред благодарам
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3014 на: 21 Октомври 2016, 14:27:55 pm »
Дали има некое инфо како се имаат покажано 1.6 THP во Пежо/Мини и 1.8 TSI на ФВ?

1.6 THP се релативно добри. Може да имаат проблем сличен како 1.4 тси со ланчето и гласно работење сабајле, може да имаат проблем со гареж во усисна грана, особено ако се возат споро, кај мене Минито си мастеше поклопецот за вентили затоа што имаа грешка во дизајн, али тоа не е никаков реален проблем освен естетски и минимално зголемена потрошувачка на уље, постои ревидиран поклопец ама да дадам 300/400 евра ми личеше непотребно. Толку ми текнува сега, во секој случај изгуглај за Mini Cooper S R56 problems, мислам дека Н14 е ознаката на моторот.

Јас конкретно немав никаков проблем со колата.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.