Сакам да земам кола со м32 менувач. Дали има мајстор Пп-Бт кој ќе го маправи тоа по пропис и да стави екстра масло? 2.5-2.7л?
Отвори по книга и види кое точно масло го препорачува книгата.
За бравото и за алфите е лесно, Тутела Матрикс 75w-85
По книга собира 2.4 литри, до долната штопна собира точно 2.5 и почнува да прелива.
Има уште една штопна одозгора и можеш да досипeш.
Ќе му напоменеш на мајсторот дека сакаш 2.7 литри да наполни и тоа е тоа, ако ти се противи и ти објаснува криви дрини, само речи му ок, сипај 2.7 литри колку што ти барам и тоа е тоа.
Затоа што првин може да ти објаснува како старото масло налегнало, па менувачот го прифатил, па било погусто од новото дрн дрн јариња.
Откако ќе го убедиш дека треба да ти го замени, ќе се фати и за количината, ќе ти објаснува и тука научни трудови.
Како год, најмалку 2.7 литри масло во тој менувач.
Еве и јас сега после точно 40 000 км поминати ќе го менувам, исто масло, иста количина од 2.7 литри ќе сипам. Се надевам дека лозјето стравот го чува.