Не реков јас да го тргнете МАФ-от, нема потреба од тоа. Туку да земете НОВ соодветен МАФ и спрема параметрите од новиот МАФ да си ја средите мапата. Дали ќе биде пиербург или бош, ќе треба соодветно да се стокми, бидејќи дури и нов заменски пиербург ќе има различни отчитувања во однос на оригиналниот МАФ. Кога не би била тјунирана колата, не би правело разлика. Едно што имам читано е дека бош-овите сензори се поосетливи, побрзо реагираат, па ако е блиску до усисната грана, знае да има флуктуации на отчитувањето, што може да предизвика лоши резултати. Пиербург се малце „помрзливи“, па има помалце флуктуации во ист временски период.