Здраво
Нов сум на форумот 🙂 мислам дека пишувам на правилно место во врска со мојот проблем.
Имам Мерцедес е220цди 1999г. 143 ХП. 5г автоматик редизајнот. Пред околу еден месец се случи во близина на мојата кола да удри гром по што десната задна гума исто така се дупна. Не сакаше да се отклучуват вратите на колата и кога кључот ќе се ставеше во бравата контакт имаше ме верглаше и не палеше колата. На мајстор рекоа дека компијутерот изгорел го сменија моторниот компијутер и бравата кодирани заедно и спарени. Исто така и компијутерот од мењачот е сменет и бирачот. Сега колата пали Али на бордот светат сите ламби , стрелките од брзината горивото и температурата не работат и не го чита мењачот. Вози во една брзина само до 3000 обртај. Мајсторот сега се одкажа , кај друг мајстор вика моторниот компијутер е во ред сега само треба да се смени друг од мењачот . Друг пак вели нови два компијутери со исти бројки . Ве молам за совет . Извинете на долгиот коментар.