Па нема да се промени. Односот помеѓу радилицата и преносот (тоа е менувачот и диференцијалот), нема да се промени.
Ти колку сакаш стави поголемо или помало тркало од фабрички пропишаното, ако соодносот на преносот и радилицата е таков да вртежите се 3000 на 100 км/ч, секогаш ќе бидат толку. Секогаш на моторот, односно радилицата ќе и требаат 3000 вртежи за во 5та брзина да го движи возилото на 100 км/ч со тој сооднос на запчаници кој ти е моментално во менувачот и диференцијалот.
Е сега со промена на димензија на тркалото, поголемо или помало, ке ја промениш само брзината на движење на цела кола.
Еве конкретно Дизел погоре пишал дека кога ставил поголеми гуми, километражата сега му покажувала 9.8 км наместо 10 км.
Тоа е така затоа што ако се земе во предвид дека фабриката го штелува брзинометарот со 3 до 5% да покажува повеќе брзинометарот него реалната со пропишана димензија на гуми од самата фабрика, во случајов на членот Дизел каде што става димензија со поголем дијаметар од фабричката, сега фактички тие 9.8 км се поблиску до реалните километри, отколку тие 10 според километража кои не биле реални.
(со 3%, 10х3=30, 30/100=3, односно 300 метри помалку треба од 10 км да биде реалната, а ако е 5%, тогаш 10х5=50, 50/100=5, односно 500 метри. Тоа растојание треба да изнесува од 9.5 до 9.7 км реално).
Ова е веќе цепидлачење.
Главното прашање дали ако ставиш поголема или помала димензија од фабричката ќе придонесе во разлика на вртежи на шалт табла (пример ако обртомерот ако покажувал 3000 вртежи на 120 км/ч со фабричка димензија, после промена на гуми да покажува 3200 на 120 или 2800 на 120),
не тоа нема да се случи, вртежите на таблата и понатаму ќе ти покажуваат 3000 на 100 км/чКолку повеќе од ова објаснување е потребно да се сфати едноставна работа ја не знам

ПС затоа ти го поставив тоа прашање со кренатите тркала во вис, за да сфатиш дека 3000 вртежи се потребни на тој пренос да се движи колата со 100 км/ч.
Кренатите тркала во вис не ја движат колата, меѓутоа погонските тркала се вртат и таблата детектира 100 км/ч при 3000 вртежи.