Здраво дечки моментално го имам овој проблем:
https://www.youtube.com/watch?v=a5DHuFsNekwКолата ми трокира на мали обртаи. Ако паднат обратаите на 700 и дадам гас ми затрокирува до 1,500 после тоа си продолжува нормално.
Моторот е сервисиран деновиве бидејќи трошеше уље, сменети се карики, дихтунг на глава, свеќици итн но овој проблем и претходно ми правеше.
Ако го исклучам сензорот за притисок на воздух (diff. pressure sensor valve suction tube) што се наоѓа одма после MAF сензорот тогаш колата си работи супер не трокира ништо, но тогаш е многу спора како 50 коња да и фалат.
Е сега пробав со нов сензор (изваден од друга кола со друг мотор) и тогаш уште полошо трокираше, па сега не знам дали е до сензорот или нешто друго.
На дијагностика сензорот го јавува само кога е исклучен а кога е уклучен не го јавува како грешка.