Автор Тема: Светла за рикверц (Опел Астра Х)  (Прочитано 2457 пати)

Отсутен KFilip

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Светла за рикверц (Опел Астра Х)
« на: 27 Јануари 2015, 16:25:25 pm »
Здраво. Имам Опел Астра Х, 1.7 CDTI и пред недела почнаа да ми трепкаат (момент работат, подолго не работат) задните светла за рикверц. Сменив сијалички, но проблемот не само што остана туку и се влоши. Следниот ден ми откажа централното, средството за чистење шофершајбна не прскаше, гепекот не се отвораше, а ден потоа откажа и средното десно светло. Ја однесов на мајстор и ми напраи се', проверив и доаѓам дома светлата за рикверц пак не работат, ја однесов уште еднаш, ги среди светлата (таму на лице место ја проверувавме), доаѓам дома и пак не работат. Сеа утре ќе ја носам пак, али би сакал доколку некој од вас го имал истиот проблем или знае за проблемов да ме посоветува бидејќи не ми изгледа  дека мојов мајстор утре ќе ја среди. Фала однапред.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Светла за рикверц (Опел Астра Х)
« Одговори #1 на: 27 Јануари 2015, 16:27:35 pm »
Да не имаш проблеми со акумулатор или довод на струја случајно? Од кога ти е акумулаторот? Бил сменет до сега?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Светла за рикверц (Опел Астра Х)
« Одговори #2 на: 27 Јануари 2015, 16:45:15 pm »
Кога се случуваат вакви чудни работи околу електриката на колата, најчесто е слаб акумулаторот. Пробај позајми од некој комшија/пријател акумулатор соодветен за твоето возило и стави го, ако се изгубат проблемите тогаш ти треба нов акумулатор.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Светла за рикверц (Опел Астра Х)
« Одговори #3 на: 27 Јануари 2015, 18:29:19 pm »
Исти глупости се дешаваа на Астра со истиот тој мотор - заради дотраен акумулатор. Прво работеше левото средно светло, после десното, ниту еднаш двете заедно. Вратите наизменично се заклучуваа, еднаш задните еднаш предните, ужас. Сменија акумулатор луѓето и електрониката се опраи.

Отсутен KFilip

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Светла за рикверц (Опел Астра Х)
« Одговори #4 на: 27 Јануари 2015, 20:56:43 pm »
Акумулаторот е купен нов и сменет е со стариот пред неполни 5 месеци. Ќе пробам утре со нов акумулатор ако најдам соодветен.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Светла за рикверц (Опел Астра Х)
« Одговори #5 на: 27 Јануари 2015, 21:38:33 pm »
за рикверц светлата, има едно автоматче (како сензор-мерач) на самиот мењач што знае да се заебе и да прави баш овака како што викаш дека ти прави со трепкањето... смени го и ке се реши проблемот со рикверц светлата...

а тоа остатокот од електриката што ти се заебал, е нешто друго... случајно се погодило да се расипат сите овие работи одеднаш... значи за сите други, може било и осигурач да се зезнал, а за рикверцот е ова што ти кажувам... пааа релативно сум сигурен за истото...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Светла за рикверц (Опел Астра Х)
« Одговори #6 на: 27 Јануари 2015, 22:31:35 pm »
Акумулаторот е купен нов и сменет е со стариот пред неполни 5 месеци. Ќе пробам утре со нов акумулатор ако најдам соодветен.

Иди нека ти измерат волтажа на акумулаторот и ако е намалена, нека измерат колку полни алтернаторот. Тоа ти е посигурно од пробување со друг акумулатор.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Светла за рикверц (Опел Астра Х)
« Одговори #7 на: 28 Јануари 2015, 03:10:03 am »
Која година ти е? Има REC (Rear Electrical Center)?

Пробај туража и кочница до крај стисни ги и дај контакт, ќе се појават буквите ЕСП и бројки на километражата. Ако пишува нешто друго освен 000000, пиши па ќе бараме што е.

Отсутен Mikroos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 921
Одг: Светла за рикверц (Опел Астра Х)
« Одговори #8 на: 28 Јануари 2015, 09:26:53 am »
Za da vidish voltaza od akumulatorot, moze da vlezes vo skrienoto meni na board kompijuterot. Se drzi settings 4-5 sekundi dodeka ne slusnes zvuk i posle toa so kopceto BC se odi niz menito. Kje vidis tamu pri kraj kje imas dadeno voltaza obelezano so V i na primer koga e izgasnata kolata treba da ti pokazuva 12.5 a koga e upalena 14.2 i slicno. Mene koga mi rikna akumulatorot padna na nezapalena duri na 11.4 pa posle 10 ..... i go smeniv. Slicno nesto mi se ima desavano so centralnata i zmigavcite. Na izgasnata kola i zaklucena od nisto se palea zmigavcite i trepkaa i nemozev nikako da gi izgasnam, kje potrae toa nekolku minuti i kje prestane. Nekogash koga ova se slucuvase se palea i dolgite svetla pa sami se gasea i taka. Mislam ama ne sum siguren deka i jas togas go srediv problemot so promena na akumulatorot. Isto taka probaj na polovina cas da ja izvadis klemata i da vidis dali kje se sredi greskata.

Отсутен KFilip

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Светла за рикверц (Опел Астра Х)
« Одговори #9 на: 29 Јануари 2015, 12:06:02 pm »
Која година ти е? Има REC (Rear Electrical Center)?

Пробај туража и кочница до крај стисни ги и дај контакт, ќе се појават буквите ЕСП и бројки на километражата. Ако пишува нешто друго освен 000000, пиши па ќе бараме што е.

2004 година е, а за РЕЦ не знам дали има, а не знам ни како да проверам. На ЕСП ми дава две бројки, првата не ја запамтив, а втората е 50004.

Za da vidish voltaza od akumulatorot, moze da vlezes vo skrienoto meni na board kompijuterot. Se drzi settings 4-5 sekundi dodeka ne slusnes zvuk i posle toa so kopceto BC se odi niz menito. Kje vidis tamu pri kraj kje imas dadeno voltaza obelezano so V i na primer koga e izgasnata kolata treba da ti pokazuva 12.5 a koga e upalena 14.2 i slicno. Mene koga mi rikna akumulatorot padna na nezapalena duri na 11.4 pa posle 10 ..... i go smeniv.

На изгасната ми е 12.3, а на упалена 14.2. Значи не би требало да е до акумулаторот.

Сеа се вратив од кај мајсторот и иста прича. Чепна кај каблите позади, почнаа да светат, доаѓам дома и пак не работат. За проблем кај мењачот му имам спомнато да провери и првиот пат ми кажа дека не е до тоа. Сеа му кажав поспецифично како што ми рече onak и ме убедуваше дека не може да е до тоа проблемот. Дали е можно кабелот да праи прекини (тој што се поврзува позади кај светлата) и каде можам да најдам и да го сменам ако е до тоа.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Светла за рикверц (Опел Астра Х)
« Одговори #10 на: 29 Јануари 2015, 12:16:34 pm »
Чип чепнал и проработел таму а додека си отидеш дома не работи, 99.9% е контактот бидејки до дома возејки од самите вибрации го губи контактот.

Отсутен ScarfaceMkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Светла за рикверц (Опел Астра Х)
« Одговори #11 на: 29 Јануари 2015, 12:21:44 pm »
При тестот со гас и кочница чим имаш други бројки освен 000000 значи има некојa грешкa. Мајсторот кај што ја носиш не му текна тоа да провери прво?

Еве ова може да ти помогне:

http://www.astraownersclub.com/vb/showthread.php/590351-Complete-list-of-Astra-H-Zafira-B-diesel-fault-codes

Отсутен KFilip

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Светла за рикверц (Опел Астра Х)
« Одговори #12 на: 29 Јануари 2015, 15:43:33 pm »
При тестот со гас и кочница чим имаш други бројки освен 000000 значи има некојa грешкa. Мајсторот кај што ја носиш не му текна тоа да провери прво?

Еве ова може да ти помогне:

http://www.astraownersclub.com/vb/showthread.php/590351-Complete-list-of-Astra-H-Zafira-B-diesel-fault-codes

Може проверил првиот пат кога му ја остаив, али следните 2 пати кога бев таму не го напраи тестот. Инаку проблемиве не ми изгледа дека се поврзани со прекинот што го имам кај светлата. П0500 има повеќе наведено:

*Vehicle Speed Signal Range/Performance B-051
*Vehicle Speed Sensor Circuit Incorrect Signal B-051
*Vehicle Speed Signal Malfunction (CAN) B-051
*Vehicle Speed Signal not plausible with Engine Speed and Injection Mass B-050,

а за п0335 е Crankshaft position sensor (на нашки коленесто вратило) и прочитав дека не смеам да го оставам непроверено, односно да се замени што побрзо.