Јас имам Аурис, 1,4 бензин, така да за моторот за кој бараш мислење неможам ништо да кажам.
За другото ништо посебно, просечна кола која е премногу пластична. Јас мојата ја одржувам во овластен сервис и цените за уље и филтри се прифатливи, ама другите работи како амортизери, фиоки, крстачи на волан, дупликат клучеви се прилично скапи, а квалитетот е никаков.
Сериозно, освен ако нема добра цена, јас не би ја препорачал, моторите можда се добар момент кај Аурисиве, ама па не е само моторот, како пакет колава од мене има многу ниска оцена.