Немам преголемо искуство со и30-ка

Визуелно не ми се свиѓа, али тоа е моја перцепција. Немам информации како се имаат покажано после неколку години, кои се можните проблеми, на што да се внимава повеќе итн...
Единствено искуство со Хјундаи и30 ми беше пред неколку години со караванската изведба, и за нејзе имам позитивни впечатоци. Како за големка кола, доста фино се однесуваше, убаво и’ беше нагодено подвозјето и пар други благодети. Она што не ми се свиѓаше беше безосетниот од на мењачот и прелесниот волан, али и тука може да станува збор за мои преференци. Односно, јас лично преферирам поковчест од на мењачот, бидејќи ти става до знаење дека „работиш“ со мењачот и дека си пребацил од еден степен во друг, и сакам малку потврд волан, а не од оние што можеш да ги моташ со појако дување
И30-ката караван што јас ја возев (и пар други корејци од Хјундаи-Киа групацијата) имаа прецизен и фин мењач, ама со многу бесчувствителен од, т.е. како со врел нож низ путер да проаѓаш, немаш хаптички фидбек дека нешто се дешава кога менуваш брзина.
Бев пријатно изненаден како добро држеше караванчето во случаи на брзо и ригорозно возење (помеѓу ступчиња на затворен дел од автопат). Гризеше асфалт цело време и во ниеден момент не му забега задницата.
Јас лично, не би можел да прејдам преку изгледот на и30-ката, но тоа не значи дека доколку најдеш асолно сочуван примерок кој мислиш дека би ти ги исполнувал твоите потреби, дека би требало да го заобиколиш.