Ја па отсекогаш сум сакал мали, ефтини ресторанчиња со квалитетна скара на жар! Да отидам, да си го напраам ќеифот, да се наждерам и напијам ко' стока и ич да не му се секирам колку ќе платам

Башка може и два-три пати у неделата да си дозволиш, не ради парите туку кркањето ќе ти држи влага и вториот ден

Нормално без ждригавици и сл. пропратни ствари кои ги има и кај луксузните ресторани. За жал се поретки се ваквите местенца, ради човечката похлепа за брзо богатење, скапи кирии, многу работници...ама не и дека ги нема. Кај овие важи мотото „задоволен граѓанин - најдобра реклама“, секако на овој начин обртот е поголем па така заработката ќе им дојде иста како кога би имале малку гости, а високи цени. ОК, тука треба некој да мие садови, да служи и тн., ама ако се работи за фамилијарен бизнис - нема утка!
Моја препорака за вакво местенце, за добра скара на жар (особено ќебапи...) е „Кај Мирче“ спроти Педагошка академија во зградата со плави балкони, на улицата што води према Катастар (има голем паркинг испред, пошта...). Претходно беа во пролазот на ќош, сега се до влезот на зградата, сигурен сум дека веќе и други ги имаат пробано ќевапите пошто можда 20 години постојат, иста школа со Дестан се или Тото, незнам...
https://www.facebook.com/pages/Kaj-Mirce-Nena/196015950552420 П.С. Мирче е женско
