2 години се малтретирам да ми текне како се викаше едно мало чоколадце.
Значи по обликот личи на кит кет само по тенко и помало. Пакувањето беше цвено ако не се лажам. Од горе беше чоколадирано, а внатре имаше чоколадо ама како во прав. Низ чоколадото во прав имаше многу ситни лешничиња. Се продаваше по цена од 10 денари. Чоколадцево сум го јадел сигурно пред 15ина години, односно кога бев основно школо.
На кој ке му текне, ако сеуште го има во продажба, добива едно гратис