Не, не зборуваме за кисела павлака, а за слатка павлака или на англиски cream, каj нас ја викаат хопла, исто како што сјајот го викаме сјај, по некој си бренд.
Постојат два типа на слатка павлака, cooking cream, што е од 10 и 20 % масленост, и се користи главно за сосови и супи.
И 36% и повеќе масленост, што е whipping cream (или од него ако се размати, се добива како шлаг), тоа ти е суров кајмак/маслото од млекото.
Проблемот со слатките павлаки кај нас е тоа што се тешки отрови на база на растителни масти.
Се бара слатка павлака со 36% масленост за правење на вистински сладолед. Вистинскиот сладолед се прави баш со тоа.