Маргер искочи на крај и не погрешивме, солидно беше. Утредента колега бил се разочарал од услугата. Белви е супер за деца да си трчаат додека пиеш кафе, пивце, ама за ручек мислам дека е тапа со оглед на тоа дека брзината на послужување е катастрофа. Јебига, за пијачки мора да идат келнерите 150 метри до шанк па да послужат, место да направат шанк надвор за пијачки одма до езерото. Вака беше до ланска сезона, ако смениле за новава да отворат шанк и надвор ќе си зголемат и промет и задоволство кај муштерии.