Моја препорака - ресторан
"Бигор" с.Вруток, Гостиварско.
Неколку пати сум бил откога се отвори.
Секогаш рибата е извонредна, свежа и со ок цена. И останатата храна (салати, скара) е супер и не е скапа.
Амбиентот е најдобар споредено со останатите ресторани во селото - тој што доаѓа прв на патот, и тој Бурими што изобилува со бетонски плочи. Во 4тиот ресторан не сум бил и незнам како иако ја фалеја храната.
Услугата е одлична, и кога се јаде надвор (во дворот) секоја маса си има свој летниковец и е доволнo оддалечена од следната.
PS Обавезно нарачајте домашнa погача, како таа на сликата на FB.