После еден месец здрав начин на исхрана (некои диета го викаат), резултатите се евидентни. Кај мене 
Последниот пат кога проверив крв, повторно ALT и AST ми беа 3 пати од дозволеното и морав да пресечам.
А едноставна е диетата: газирано се немам напиено месец дена, благо немам ставено во уста (суво овошје јадам), бел леб или било какво пециво немам ставено во уста (само црн леб или нутри), алкохол нихтс, пржољки никакви, ниту помфрити, крилца, прсти... само печено или варено месо.
Наутро овошје, ужинка суво овошје, ручек туна сендвич или од дома нешто спремено, до вечера некое непечено бадемче, вечера мевце со изобилство на салата (марула, патлиџан, краставица, брокула, ротквица, варена пченка и црн грав). После 19:00 нема јадење, евентуално сончоглед додека гледам Хоумленд или Биг Бенг Тиори.
Симнав ца.10 кила (не се мерев пошто не ми е гајле колку +/- кг имам), мевот го снема, се осеќам многу подобро, жена ми вика дека сум и по секси 
Најбитното, за што се нафатив на режимов, ALT ми се влезени во нормала, AST уште малку па во нормала но многу намалени. За само месец дена. Без никакви апчиња (претходно и тоа ми препишуваа).
Сега си дозволувам чат/пат некој излет со она што „си забранив“ но не претерувам. И што е најважно, стрвноста е на сосема друго ниво сега од претходно. Претходно не требаше да бидам гладен за да јадам, туку бутав. Ако следува 1 ребро по човек, јас 3 јадев пошто ми беше убаво. Благо по кило на ден јадев. Сега не ми се ни јаде
. Онака колку да заблажам душа.
До храната е 
Потполно истиот проблем со холестеролот го имав и јас пред 1 година и го применив истиот начин на исхрана како Марјанот и за месец дена од 92кг се симнав на 84кг.
Освен што ја сменив исхраната, јас почнав и секој ден да пешачам минимум 4-5км на ден и стварно можам да потврдам дека се осекам како нов човек