Коордиати за 511 ? И какви се со цените,солени или ??
од перална се симињаш надоле, цепаш по улицата, стигаш до тц капиштец, првата уличка после тц капиштец ама десно вртиш, одма после таа стаклената зграда. кога ке свртиш, во зградата што ти доаѓа од лева страна на самиот крај од нејзе...на 2 нивоа е 511 плус има фина летна бафч(ич)ка со фонтанче ово-оно... ама за надвор ти препорачувам да почекаш уште малку... ладно е, че назебеш... 
а кога ќе стопли ќе нема место 
увек има место.. тоа ми е нај чудното. толку годиништа работат, а скоро никогаш не е преполно... под дефиниција тоа се множи со нерентабилност ама ете, ни се рентабилни... нај веројатно локалот е нивни па така се рентабилни...
моментот на пиците... нема пластичен кашкавал (растителен), по желба ако сакаш а нај често така и е со свежи печурки, и сите останати керефеклуци се одлични... и на крај, пицата не е со вкус на болничка храна, без сол и зачини... пица си е пица и треба да биде солена...
плус не е само пица... жена ми преферира тестенини разни да јаде, имаш салати еден кубик... и цените се таман... амбиентот ептен таман...