Значи, Како што кажа Онак, ја одјавуваш од МК со купопродажниот договор. Назад ти ја враќаат сообраќајната (мислам) не сум сигурен. После тоа, ја товарате на камионче и правец Бугарија. Најверојатно ќе ви треба и извозна декларација од некоја шпедиција (најубаво ќе ти кажат на граничниот премин кадешто ќе ја изнесувате колата). Со извозната декларација (ако е потребна), ако не со купопродажниот договор се оди на Бугарската царина, и таму со шпедиција се прави увозна декларација (митнически конспект).
После тоа, се внесува самата стока (проверуваат бројки, ово оно, дрн дрн), и ја носите на царински терминал. Таму си средуваат документација и се плаќа 10% царина, и 20% ДДВ. После царина, се носи на Технотест (по наше Атест) во Софија (за да не чека да дојде во неговиот град), се плаќа 300 лева и со тоа документче се оди во КАТ (сообраќајна полиција) и се регистрира. Се плаќа екотакса, технички преглед, прва регистрација, таблички, осигурување и се запишува во општина за данок.
И то је то.
Инаку, твоите обврски завршуваат со одјавувањето. На се друго треба да се секира твојот купувач.