Автор Тема: Продажба на мк автомобил на купувач од ЕУ  (Прочитано 3067 пати)

Отсутен stanzli

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
Продажба на мк автомобил на купувач од ЕУ
« на: 23 Јануари 2015, 18:31:33 pm »
Дали некој има искусто со ова, како идат процедурите и слично? Продадов постара кола на странски државјанин(ЕУ), е сега освен купопродажен договор ме интересира дали треба да му ги дадам таблиците и сообраќајна и сл. Што би му побарале на царина? Колата нема да се вози, ке се товари на шлеп-камионче. Прашав бааги луѓе ама до сега тотално никој не беше запознаен со ваков случај. Ниту во мвр не ми дадоа некој конкретен одговор ("батка ти си прв што ме прашува ова, појма неам").

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4986
  • The Spartan General
Одг: Продажба на мк автомобил на купувач од ЕУ
« Одговори #1 на: 23 Јануари 2015, 18:41:16 pm »

Од која држава е купувачот? Секоја држава си има различна процедура за увоз, различни стандарди, итн.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен stanzli

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
Одг: Продажба на мк автомобил на купувач од ЕУ
« Одговори #2 на: 23 Јануари 2015, 18:43:55 pm »
Од бг. Увоз во бг не е проблем само купопродажен договор, ама од наша страна дали ке се смета за извоз колата тоа е прашањето.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Продажба на мк автомобил на купувач од ЕУ
« Одговори #3 на: 23 Јануари 2015, 18:46:39 pm »
во секој случај МАКЕДОНСКИТЕ таблици мора да се одјават тука, во македонија со купопродажниот договор... тие таблици се не важечки за новиот купувач кој е од странство.  инаку ПРОДАВАЧОТ ги одјавува... треба сообраќајната, договорт и таблиците, на шалтер во мвр да се иде и таму 200-300 денари кошта тоа...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4986
  • The Spartan General
Одг: Продажба на мк автомобил на купувач од ЕУ
« Одговори #4 на: 23 Јануари 2015, 19:12:44 pm »
Од бг. Увоз во бг не е проблем само купопродажен договор, ама од наша страна дали ке се смета за извоз колата тоа е прашањето.

Да вечерам, ќе ти пишам како е процедурата.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4986
  • The Spartan General
Одг: Продажба на мк автомобил на купувач од ЕУ
« Одговори #5 на: 23 Јануари 2015, 20:36:43 pm »
Значи, Како што кажа Онак, ја одјавуваш од МК со купопродажниот договор. Назад ти ја враќаат сообраќајната (мислам) не сум сигурен. После тоа, ја товарате на камионче и правец Бугарија. Најверојатно ќе ви треба и извозна декларација од некоја шпедиција (најубаво ќе ти кажат на граничниот премин кадешто ќе ја изнесувате колата).  Со извозната декларација (ако е потребна), ако не со купопродажниот договор се оди на Бугарската царина, и таму со шпедиција се прави увозна декларација (митнически конспект). 

После тоа, се внесува самата стока (проверуваат бројки, ово оно, дрн дрн), и ја носите на царински терминал. Таму си средуваат документација и се плаќа 10% царина, и 20% ДДВ. После царина, се носи на Технотест (по наше Атест) во Софија (за да не чека да дојде во неговиот град), се плаќа 300 лева и со тоа документче се оди во КАТ (сообраќајна полиција) и се регистрира. Се плаќа екотакса, технички преглед, прва регистрација, таблички, осигурување и се запишува во општина за данок.

И то је то.  :) :)

Инаку, твоите обврски завршуваат со одјавувањето. На се друго треба да се секира твојот купувач.  :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен stanzli

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
Одг: Продажба на мк автомобил на купувач од ЕУ
« Одговори #6 на: 23 Јануари 2015, 21:53:09 pm »
Се е појасно сега. Фала друже, должам пиво.

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Продажба на мк автомобил на купувач од ЕУ
« Одговори #7 на: 28 Јануари 2015, 21:38:19 pm »
на времето во СФРЈ (70/80-тите) беше многу лесно, носеа лади во Грција и таму ги продаваа, само ја враќаа фотокопија од сообраќајната за да го одјават возилото... знам неколку од Србија што ги омажија добро ладите...А тогаш тешко беше да увезеш кола или нешто друго.
А мене во 95 коа запна на Халкидики еден пољак да му го продадам вартбургџинито (  беше 91год. со поло мотор, фарбан во комора со акрилна ферари црвена боја, со италијански сончев кров, ренаулт ретровизори и спортски ауспух). Немаше како да се вратиме со багажот, па и чамец со пента носев, а и што ќе купев тогаш, немаше увоз како сега...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Продажба на мк автомобил на купувач од ЕУ
« Одговори #8 на: 28 Јануари 2015, 23:36:32 pm »
ја знаеш како би изиграл? немаС проблемоС јорго... за 5 дена, идам дома, носам сите и доаѓам со колата тука...

му тресеш цена голема, му зимаш 30% капар и среќен си... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Продажба на мк автомобил на купувач од ЕУ
« Одговори #9 на: 29 Јануари 2015, 00:33:56 am »
малце неврзано со темава за што кола се работи? да не е кремот 2002ка?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Продажба на мк автомобил на купувач од ЕУ
« Одговори #10 на: 29 Јануари 2015, 00:41:12 am »
Се е појасно сега. Фала друже, должам пиво.

Луки не пие пиво. Луки пие Шнаапс!

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4986
  • The Spartan General
Одг: Продажба на мк автомобил на купувач од ЕУ
« Одговори #11 на: 29 Јануари 2015, 08:14:04 am »
Луки не пие пиво. Луки пие Шнаапс!

Јас сум мочко бе, преферирам пиво пред кооперација со мезе (посебна насечкана на парчиња од продавачката со заносни облини, купче вегета и чачкалици).  ;D ;D ;D

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.