за еспејсот можам да ти кажам дека е полно со сензори и електроники. од внатре е комфорна кола, и доста пространа, но делот со кварливите електронски компоненти е малку табу тема. имам возено кратко само, кога ја возиш дава некако чуство за нестабилност, а напротив, доста стабилно возило е...
колку што знам, има точно 52 различни сензори. ако има фабричи паркинг сензори тогаш се 54 (оние 4 сензори на браник ги сметаат како еден модул и плус има уште еден сензор од предна страна)... размисли дали сакаш да имаш возило со толку многу сензори кои се реалтивно кварлива роба, бидејки сепак е рено во прашање... не дека возилото нема да ти работи и да ти вози, се ке биде ок по тоа прашање, ама ке почнат разно разни сијалички да ти трепкаат... инаку има еден во сервис што доаѓа со такво рено, лас вегас му е шалттаблата, нема нешто што не му свети, ама вика, човекот дека уво го боли, и си тера како да не е ништо...
е ова е моето скромно искуство со ова возило.
ако ме прашаш мене.... без оглед за мислењата на повеќето.. и јас сметам дека ОД НАДВОР Е РУЖНО ВОЗИЛО, али одвнатре баш и не е... но со твојов “проблем“ (ако може да се нарече проблем) ти си печен за една мултипла. регистрирана за 6 особи, со седишта во 2 реда и релативно голем багажен простор... средното седиште предно, му се спушта наслонувачот и се добива маса, а воедно одлична физичка и оптичка комуникација со задното седиште. размисли по тоа прашање...