Последната година дена, колава ми приреди малку забава...
Се испостави дека не тече уље од ладникот, туку од некој дихтунг кај уљената пумпа или така нешто.
Тука имаше само комплети по 10,000мкд, па го нарачав за 20 евра. Дур го нарачам и чекав помина бајаги време и се изнадотурав уље, јбг... Се смени тоа, тежок пристап, убаво ме обричија за рака, но важно се среди и застана конечно!
Предните плочки се ок, но задните почна да ги јаде брзо, на некои 20,000км...
- Шо прајме мајсторе, претходно ги репариравме шепите па сеа вика задно лево сајлата за ручна ти е запечена, логички, само таа плочка ја јаде. Сменета сајла, истиот проблем стои.
- Шо прајме мајсторе? Црева за кочници и течност ќе менуваме. Сменето, проблемот стои....
- Шо прајме мајсторе? Шепа ќе мењаме. Сменето шепа, бандажот не е толку загреан после возење. Дали е решен проблемот, ќе видиме...
Сменети предни рамена Meyle, порачани преку Струмичани, по околу 6300мкд едното.
Сменето уље ЛМ и филтер за уље, 332,150км.
Пукна некој механизам на задно стакло, се санира.
Климата дува јако ама не толку ладно.
Моментално е на сервис.
Има уште работа во подвозјето, ќе му дојде ред.
Моторот фала богу одличен!!! Пали грми, влече, се во најдобар ред. Пу пу машала.
Каросериски попуштаме, лакот попушта, корозија нула!
Ми треба караван или моноволумец, ќе видиме шо ќе се деси и дали брзо ќе се деси...