Зад волан на новата генерација на хибридната „тројка” BMW ActiveHybrid 3 загина тест пилот на компанијата на возраст од 45 години. Името за сега не се соопштува објавуваат медиумите во Германија.
Според информацијата возачот загинал на место откако удрил директно во задниот дел на камион. Инцидентот се случил минатата седмица во петок на магистралата А92 во близина на градот Динголфинг.
Местото е многу близу до фабриката на BMW и тест пилотот бил на задача на испитување на однесување на автомобилот при висока брзина кога камион навлегол во неговата коловозна лента.
За да го избегне ударот пилотот се обидел да избега десно, но не успеал и буквално се забил во заднит дел на приколката. Бил сам во автомобилот и заради тежината на сударот загинал на место.
Разврската на инцидентот е во тек, но факт е дека ова не е прв случај некој да загине на германските патишта заради висока брзина. Да се потсетиме на тест возачот на Toyota, Хирому Нарусе, кој загина испитувајќи го Lexus LF-A.
http://vozi.com.mk/vesti/zagina-test-pilot-na-bmw.html