А шо правиме кога А8(кое има 5 ѕвездички на краш тестовите) се судри со Клио(кое истотака има 5 ѕвездички на краш тестовите),притоа двете возила се движат со брзина од 60км/х.Дали истата деформација од краш тестовите ке ја претрпат двете возила.Јас мислам не и не само шо мислам туку сум сигурен.
Немој да бидеш толку сигурен. Деформацијата е таа. На краш тестовите ги удараат со 60 на саат во НЕПОДВИЖНА препрека.
Ако двете коли се движат со 60 на саат и се опнат фронтално, тогаш е ИСТО како секоја од нив да се бапнала во НЕПОДВИЖНА препрека со 60 на саат. Не, не е 60+60=120.
Ако едната кола се движи со 60 на саат и се опне во друга паркирана кола (0 на саат), сударот е како двете да се движеле со 30 на саат, или како да се опнале во неподвижна препрека со 30 на саат.
Па на крајот пак кога ке видиш на некој начин тие ѕвездички повеќе се маркетиншки трик одколку шо се наоѓаат во реалност,пошо неможиме да одбериме каде,со кого,како ке се судриме(не дај Боже).
Токму затоа што не можеме да ги предвидиме сите можни сценарија, гледаме да ги покриеме најчестите и најтипичните! Од питата на срањата ги фрламе најкрупните парчиња.
А сега, одговори искрено: замисли треба да пратиш жена и деца на пат. Дали ќе сакаш да патуваат со кола со пет или со две ѕвездици? Или сеедно ќе ти биде?