
Легендарниот авион на Југословенското воено и цивилно воздухопловство. УТВА 75
За од прилика еден месец би требало да е во мои раце.
Долго време е во сопственост на битолскиот аеро клуб, меѓутоа они не ја летаа воопшто. Во последниве 6 години има налетано само 17 саати. Конечно се договоривме за трампа, јас на нив Зенер 601 (црвениот со ниски крила) они мене Утвава.
Инаку серискиот број е меѓу последните (ако не и последен) што ја прави најнова Утва. Веќе на прсти се бројат пловидбените.
Инаку авионот е ѕверка, не блишти многу од перформанси ама можностите му се одлични.
Има мотор Lycoming IO-360 B1F (180 HP)
Крстаречка брзина: 90 kts (65% снага)
Максимална брзина: 118 kts
Плафон: 13.000 ft.
Негативна страна 40 lit./h AVGAS 100LL и тоа што е двосед (+/-)
Имам добар план за неа, првично фарбање во оригиналните УТВА бои или некоја добра колор шема и претапацирање на седишта и внатрешност.
После тоа средување на Avionics, кокпитот ќе го задржи оригиналниот изглед ама ќе биде се модерно и функционално. Ова ќе боли колку ќе кошта...
На крај, фул лед светла навигациски, стробо и фар, само биконот на опашка ќе остане ротационо (по кул ми е така)
Ќе видиме како ќе испадне...