Денес е сменет вентилот со исправен, и поставено е ново цревце затоа што уствари тоа скршеното било дел од “к*рето“ што влага од цревото од резервоар, до вентилот.
Набавив и нов филтер за воздух па го ставив и тој.
Има мали подобрувања. На ладен мотор знае да засецка ама не е како што беше претходно, ама затоа кога ќе крене работна температура колата си повлекува без мислење и без засецкување.
Ја возев подолго време и гледам дека потрошувачката според борд компјутерот малку опадна, и тоа што ми направи малку повеќе мерак, се смирија обртаите. Според апликацијата за мониторинг, во мирување сме подоле за 30 до 40 обртаи во просек ( не чуе се, а ради
).
But wait, there's more....
Претходно кога ја исчитував за грешки, еднаш ми се појави Camshaft positioning sensor, ја избришав грешката и не се појави од тогаш па се до ден денес. Денес молдерфакерот пак ми се јавува како дефектен за да ми го зголеми бројот на бели влакна на главата, нема разбирање дека сум младо момче ич не го боли штурот. Го бришев 3 пати и после 2 минути возење пак се пали таа грешка. Деновиве ќе се намонтира нов, и се надевам дека ќе добиеме подобрување. Сакам полека и сам да си ја средувам за да ја разберам како работи, за да се зближиме повеќе
.
Од естетски аспект, дали сметате дека карбон фолија на скроз црн ентериер како мојот ќе изгледа онака кичерајски, со оглед на тоа што немам никаква допирна точка со М пакет ?
Со оглед на тоа дека не сум задоволен од настапот и третманот на претходниот “мајстор“ кој што ми чепкаше околу тркала и гуми, имате ли некој поквалитетен човек да ми препорачате кој што ќе ми ги пресади зимските гуми од челичните на алуминиумските бандажи ?