По опширната дискусија во врска со тоа што требаше да купам ( која патем некој најверојатно ја избришал ), редно е да ви ја претставам мојата прва (автомобилска) љубов.
Бренд: BMW
Серија: Е46
Модел: 318i
Зафатнина: 1895cc
Снага во KW: 87
Код на мотор: M43TU
Цилиндри: 4 во линија
Менувач: 5 брзини, мануелен
Дата на производство : Ноември 1999
Изминати километри : ~ 105.000
Опрема: Клима, темпомат, ABS, ASC, електрика на прозори, електрично отварање на ретровизори, команди на волан, фарови подесиви по висина и уште некои кои треба да ги научам...
За потрошувачката не можам да кажам сеуште ништо затоа што не сум обрнал внимание премногу, од груба проценка би рекол помеѓу 10 и 13 литри на 100 километри ( зависи како се вози ). Најдобро искуство имам со 98-ца бензин од лукоил.
Моментално вози челични бандажи со зимски гуми со димензија 195/65/15, а летните се алуминиумски со димензија 205/55/16.
Летните гуми даваат поубаво чувство кога со поголема брзина влегувам во кривина, ама затоа со зимскиве се чувствувам како претседател на нашиве патишта
.
Еве неколку слики:
Кога ми е ладно не обрнувам внимание на чистотата во кола ( патосници и слично ). Сега за сега презадоволен сум од изборот, нема никакви проблеми со моторот ниту подвозјето. Сменети се филтри за воздух и масло, маслото е променето а на пролет ќе се поработи малку по-повеќе
. Откако ќе се увериме дека се е во најдобар ред и откако малку времето ќе ни се подобри ќе си добие и плински уред, и соодветни козметички третмани.