Mitsubishi ASX има најотровен ентериер -Спортекс жив си?

Другите јапонски производители пак, како Honda и Toyota, се на врвот на возилата со најНЕтоксичен ентериер. Вкупно земено, пак, најотровни се Корејците...
Мирисот на внатрешноста во ново возило за повеќето сопственици спаѓа во врвот на предностите при поседувањето на ново во однос на половно возило. Но, како и со ред други работи во животот – ни ова задоволство не доаѓа без последици
‘Истражувањата покажуваат дека ентериерите на возилата содржат уникатен коктел хемикалии кој во мали, пригушени простории, особено при вискои температури, испуштаат штетни гасови. Со оглед на тоа што тие хемикалии не се испитувани и регулирани, купувачите не се свесни на каква опасност се изложени. Од таа причина, спроведуваме наши тестови со цел – откривање на производителите кои користат најштетни материјали, да ги поттикнеме во иднина во производството да се свртат кон употреба на посигутни, алтернативни методи’, истакнува Jeff Gearhart, директор на Еколошкиот центар.
Бромираните споеви, поливинил-хлорид, олови и тешки метали се само некои од елементите кои се наоѓаат на листата кои можат да доведат до низа здравствени проблеми како карцином, компликација при бременоста како и болести на респираторниот систем, истакнуваат научниците.
Резултатите од овогодинешните истражувања, кои можете да ги погледнете во целост на страната на HealthyStuff.org, покажуваат напредок кај повеќе производители, во однос на претходната година, па така 34 отсто од денешните автомобили се достапни без ПВЦ во внатрешноста.
Најголем напредок остварил Volkswagen (42 отсто) и Mitsubishi (38 отсто), додека Daimler (-29 отсто) и Volvo (-13 отсто), се овогодинешните губитници. Honda се закити со ласкавото признание – произведувач на автомобили со најмал процент на токсичност во внатрешноста на возилото, додека Mitsubishi Outlander Sport е деклариран како автомобил со најопасен ентереиер.
Следува листа од 10-те најдобри, и 10-те најлоши:
Најдобри автомобили:
2012. Honda Civic 0.46
2011. Toyota Prius 0.55
2011. Honda CR-Z 0.63
2011. Nissan cube 0.65
2012. Acura RDX 0.74
2012. Acura ZDX 0.74
2012. Audi S5 0.74
2011. Smart Coupe 0.74
2011. Toyota Venza 0.77
2011. Smart Passion 0.79
Најлоши автомобили:
2012. Mini Cooper S Clubman 2.84
2012. VW Eos 2.85
2011. Kia Sportage 2.87
2011. Chevy Aveo5 2.89
2012. Hyundai Accent 2.98
2011. Mazda CX-7 3.08
2011. Nissan Versa 3.08
2011. Kia Soul 3.11
2011. Chrysler 200 SC 3.17
2011. Mitsubishi Outlander Sport (ASX во Европа) 3.17