JR, не е тоа проблемот..Проблемот е што не ја отварам темава, несакам да слушам други за моите пари (нека бидат секогаш добитни тикети)
И дома исто, не слушам никој..секој си има свои размислувања, свои омилени тимови и слично.
Овој тикет а и сите што ги играм ги играм за мала сума на пари 100 денари уплаќам, добивките ми се од 2-3000 до 333.000. Играм од заебанција секогаш, од мерак а не да заработам од овие. Па затоа и ставам секогаш нереални утакмици

Барса неможам да ги гледам, не дека атлетико ги сакам ептен, па си најдов компензација во нерешно
Исто и со Баерн, неможам тоа немците да ги смислам, а си мислев дека Дормунд не е доволно силен да ги совлада.
Лил ја најдов од што немаше други утакмици.
Ла коруња е моментално доста јака и секако влегува во прва лига, а Еибар, Еибар ми стана омилен тим - најсиромашниот тим на планетава моментално кој ако освои место за влез во прва лига а до тогаш не собере 1.700.000 евра ке биде заради финансиски причини избркан во 3-4та лига

Клуб со 2000 навивачи, од некое шпанско село, ептен ми е мерак да влезе догодина и да им го спопика барем еднаш на големиет Реал и Барса
