Томи можно е да се изведе според тебе сигурно ливче до кај 4 коефициент?
Лично, преферирам да играм на поголеми уплати, со помали коефициенти, некаде до 2.4, со поголем ризик до 3.
Викендов, не би знаел да ти кажам, зошто многу лоши натпревари има во Англија, а тука сметам дека имам најголеми шанси да ти кажам некој тип.
Минатово коло беше многу лесно за типање, сигурен бев дека Сандерленд нема да изгуби од Сити, а дека ВБА ке извлече барем нерешно, што прави коефициент од 2.9. Јунајтед игра дома секогаш со многу голови, па 1&3+ беше 1.7 коефициент, што вкупно прави скоро 5 коефициент...
Сега за викендов, Стоук ми е изгледен 1, а Вест хем 2 заради тоа што Ридинг играше сега во средата меч, уморни се и имаат многу слаба одбрана, а Вест Хем поради изградбата на метрото во Лондон, имаа одмор од скоро 16-ти Декември.
Овие 2 натпревара ти ствараат некаде 4.5 коефициент, и јас преферирам да играм на тој начин, една посигурна и една од анализа утакмица, наместо да редам 5-6 утакмици со 1.20 или 1.30 коефициент.
Сандерленд-Тотенхем ми е скоро сигурен GG, а со поголем ризик GG3+...
Ke пишам и едно ливче на Њукасл на поситно, сега видов дека на Арсенал му дале 1.4 коефициент, што значи дека ке има некаде околу 2 коефициент за x2 за Њукасл.
Мидлсбро би требало овој пат да даде 2 голчиња дома, нон стоп играат со 2 или 3 дадени гола дома, претходново дадоа само 1, па очекувам да се вратат на старата добра практика од давање голови.
Ретко кој ке очекува кикс на Сити, ама ке ставам 1x на Норич, и појачање Манчестер, дали со голови или конечен тип, ке видам во зависност од составот што ке го извади Ферги.