значи да знаеш не е горење срање, како што ке ти речат многу. И муабетот не е Горење тоа што беше баталиго. Никој не е како што беше.
Јас дома има купено се од Еуролукс и сум задоволен, моите имаат се Горење и се задоволни.
Мене лично онаа линијата на Горење Ora-ito многу ми се свиѓа. Ама тогаш кога земав Сколекс ми направија добра цена за се заедно подобра од оние работи кои ми беа од горење.
Со сервисот на горење знам дека доагаат брзо реагираат и си ги разбираат работите . Со еуролукс не сум имал потреба до сега, ке видиме како ке биде. Иначе и еуролукс јас кога земав ми дадоа на се 5 години гаранција
Немам искуство со плотните од горење но имам искуство со нивниот сервис. Катастрофа се. Многу тешко признаваат проблем, секоја штета за нив е настаната од неправилно користење. Како може не правилно да се користи вратата од рерната на обичен шпорет?
Поради неправилната употреба на вратата, дошло до кинење на заштитната гума.
Тоа беше одговорот од сервисот на горење. Се натегавме 2 месеци да ја сменат гумата под гаранција ама безуспешно, иако шпоретот беше стар само 5 месеци. На крај решив да ја платам гумата која кошташе дури 1500 ден. Одговорот од горење беше дека ја немаат на лагер, треба да се порача и ќе стигне за 2-3 дена. Си ја платив и ја чекав да стигне скоро 3 месеци.
Од алиекспрес побрзо ми стигаат пратките.
Моја нога више таму не стапнува. И само поради односот никогаш не би купил ништо од горење. За среќа шпоретот скоро 2 години добро служи.
Се надевам дека помогнав малку. И да се одлучиш да купиш горење ти посакувам да немаш никаква потреба да ги посетиш нивниот сервис.
јас сосема друго искуство имам со нив, баш позитивно.