Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 436766 пати)

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
  • Macedonia
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2490 на: 20 Септември 2024, 10:16:47 am »
Јас имам лошо искуство со такви уреди ми имаат изгубено алишта од кои немаше оправање повеќе и беа трајно оштетени и никогаш не би пробал и препорачал никому.

Дали вертикално имаш простор да ги наместиш една врз друга? Тоа би ти било многу добра опција.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1301
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2491 на: 20 Септември 2024, 10:20:46 am »
има ли погодена комбинирана машина за перење/сушење?
нема простор за засебни

гледам има ценовен ранг од 20 и ситно до 80
на што да се обрне внимание?

*треба да има капацитет за 5 луѓе од кои 3 спортисти :)


Нема. Комбинираните не се практични.  И штета што сеуште се прават проекти да бојлерот биде над машината за перење, наместо на друго место, и со тоа да има простор за машина за сушење над машина за перење.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3859
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2492 на: 20 Септември 2024, 10:23:08 am »
има ли погодена комбинирана машина за перење/сушење?
нема простор за засебни

гледам има ценовен ранг од 20 и ситно до 80
на што да се обрне внимание?

*треба да има капацитет за 5 луѓе од кои 3 спортисти :)


Оваа комбинација тешко да ја спакуваш во нешто ефикасно. Држ се ти до renewable energy системите и добра центрифуга.


Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2700
  • Слобода или смрт
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2493 на: 20 Септември 2024, 10:37:41 am »
има ли погодена комбинирана машина за перење/сушење?
нема простор за засебни

гледам има ценовен ранг од 20 и ситно до 80
на што да се обрне внимание?

*треба да има капацитет за 5 луѓе од кои 3 спортисти :)

Јас земав таква LG но речиси и да не ја користам за сушење освен понекогаш за постелнини или чорапи такви работи. Ако дојде ред да имам потреба од интензивно сушење сигурно би земал посебно сушара.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6672
  • Бенве сие бенве
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2494 на: 20 Септември 2024, 12:05:45 pm »
има ли погодена комбинирана машина за перење/сушење?
нема простор за засебни

гледам има ценовен ранг од 20 и ситно до 80
на што да се обрне внимание?

*треба да има капацитет за 5 луѓе од кои 3 спортисти :)


Нема. Комбинираните не се практични.  И штета што сеуште се прават проекти да бојлерот биде над машината за перење, наместо на друго место, и со тоа да има простор за машина за сушење над машина за перење.
Ја не ја измислив додека го градеа станот, не сакав да сушиме во сушара, но вака во зима премногу смрдат алиштата на чад. Сега ќе мора да ставам друг, хоризонтален бојлер за да може да одат една врз друга.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3859
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2495 на: 20 Септември 2024, 12:23:24 pm »
има ли погодена комбинирана машина за перење/сушење?
нема простор за засебни

гледам има ценовен ранг од 20 и ситно до 80
на што да се обрне внимание?

*треба да има капацитет за 5 луѓе од кои 3 спортисти :)


Нема. Комбинираните не се практични.  И штета што сеуште се прават проекти да бојлерот биде над машината за перење, наместо на друго место, и со тоа да има простор за машина за сушење над машина за перење.
Ја не ја измислив додека го градеа станот, не сакав да сушиме во сушара, но вака во зима премногу смрдат алиштата на чад. Сега ќе мора да ставам друг, хоризонтален бојлер за да може да одат една врз друга.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Кај мене сушарата е надвор пред самото купатило каде што имам малце простор кој не е ограден но е голем доволно да има кондензацика сушара и над неа ормар за средства и крпи за домашна хигиена. Мајка ми сушарата ја чува на балкон кој е заграден со пвц. Не знам дали помага ова кај тебе но мислам дека работата е да прифатиш ако има место употребливо да ставиш сушара на некоја друга локација.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6672
  • Бенве сие бенве
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2496 на: 20 Септември 2024, 13:49:57 pm »
Имам посебна остава 1.5 х 2.5м, има место да вклопам таму, но ќе биде премногу топло, ништо друго нема да можам да оставам на кое што би повлијаела повисока температура. Ова со претсобјето не ми текнало, можам да вметнам таму.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 225
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2497 на: 20 Септември 2024, 17:07:34 pm »
Имам посебна остава 1.5 х 2.5м, има место да вклопам таму, но ќе биде премногу топло, ништо друго нема да можам да оставам на кое што би повлијаела повисока температура. Ова со претсобјето не ми текнало, можам да вметнам таму.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Имаш ли вентилација. Оставај ја отворена вратата додека работи и немаш проблеми.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8871
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2498 на: 21 Септември 2024, 15:57:51 pm »
Mene susharata na balkon mi e. 5ta zima ke i bide ova. Terasata e vovlecena i ne ja vrne i nema direktno sonce vo nea.


Присутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3737
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2499 на: 21 Септември 2024, 16:19:29 pm »
2012 на акција во нептун беа Беко машина и сушара 30000 денари.
Сушарата до сеа 2 пати дефект контезатор по 1200 денари (и летно време се сушат алишта на нејзе)
Машината само бравата 300 денари...


Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1301
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2500 на: 24 Септември 2024, 13:25:21 pm »
Кондензатор за машина за сушење е 240 денари во Логинг. Понекој штраф отпозади и мењаш сам.

Присутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3737
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2501 на: 25 Септември 2024, 00:39:55 am »
Првиот пат беше под гаранција, вториов чуден дефект имаше машината си работеше ама бубањот не го вртеше... Памет за друг пат...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6368
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2502 на: 25 Септември 2024, 10:39:13 am »
За 120ден пред месец дена и јас менував. Исто, не вртеше бубањот, а моторот исправен и немаше потешкотии за вртење рачно.
Пробав, го сменав, проработе, инаку Нептун беше следен чекор.

Отсутен zlatko.s

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2503 на: 14 Октомври 2024, 14:22:13 pm »
 мислење за машина за перење, ЛГ или Самсунг кој од овие 2 модели, дали вреди да се даде 9500ден плус за ЛГ. Самсунгот на Ананас со ваучер доаѓа 21к, ЛГ 30.5к во Нептун.
И двете се по 5год гаранција.

https://www.neptun.mk/categories/MASINI_ZA_PERENE1/LG-F2WR509SBW

https://ananas.mk/proizvod/samsung-ww90t4040ce1le-masina-za-perenje-9-kg/1658955?utm_source=newsletter&utm_medium=email&utm_campaign=a5000vaucher_11102024_14102024
 

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2504 на: 14 Октомври 2024, 14:41:30 pm »
2012 на акција во нептун беа Беко машина и сушара 30000 денари.
Сушарата до сеа 2 пати дефект контезатор по 1200 денари (и летно време се сушат алишта на нејзе)
Машината само бравата 300 денари...


Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk



Од каде ја набави бравата за машината?

Кај мене на Беко машината за перење почнува да откажува соработка при отворање и мака мачиме додека се отвори. Ќе треба и јас да го менувам делот сигурно.