Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 431145 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2415 на: 20 Март 2024, 15:58:49 pm »
@draganamon
Под гаранција го средив, инаку нова машина.
Да не подречам ако сепак најдеш мајстор и се одлучиш за сечење и се биде успешно па за кратко време рикне нешто друго као електроника па ќе се гризнеш за такво ;)

@Leonid, па ете го со 3 црева му "пукнал" бојлерот  на @Carpathian Lord
И повторно ќе кажам, не се ствара којзнае колкав притисок во на нормален и на еко подесен термостат, погоре спомнав, мерел колега и од капењето едвај чаша за ракија се наполнила. На максимум ставен термостат или расипан може да се створат поголеми притисоци при што водата треба да врие.
Од неквалитет про

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7043
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2416 на: 20 Март 2024, 17:03:29 pm »
Кај него не е со 3, туку со 2. Третото црево е внатрешно бидејќи има чешма што се вади за полесно измивање на мијалникот. Јас имам таков модел само од Пирамис.

Добро си е кај него поврзано, не знам зошто има таква "среќа". Единствено дали сигурносниот вентил е приклучен на ладниот приклучок за вода на бпјлерот. Нека проба следен пат со Аристон, тие се до 10бари.
« Последно менување: 20 Март 2024, 17:11:28 pm AllMightyMe »

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 587
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2417 на: 20 Март 2024, 17:19:42 pm »
Не разбирам две црева три црева.

Значи кај мене доаѓа вода од водовод.

Имам едно Т. Едното оди директ на чешма, другото како ладна вода на ладниот приклучок во бојлерчето.

Нискомонтажно.

Од топлата цевка на бојлерчето оди црево горе на чешма.

Па после гледам од чешмава излегува едно бакарно и оди на „слушалка“. Кај мене е такво што се вади слушалката да можеш да си миеш во мијалник.

Чешмава е Тека.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Шо притисок таа чешма може да направи мене не ми јасно да пука бојлерче.
Горење бољерчето никако не се препорачува за монтажа на чешми со две црева бидејќи има пластичен казан.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8623
  • Пичлеме
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2418 на: 20 Март 2024, 18:06:13 pm »
Нискомонтажното бољерче на Горење со пластичен казан задолжително се поврзува на чешма со 3 црева:


Високомонтажното со пластичен казан може на чешма со две црева:


Има нискомонтажни за на чешма со 2 црева, но казанот им е метален и се под притисок, се монтираат со сигурносен вентил (Gorenje GT 5U и Gorenje GT 10U)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2419 на: 20 Март 2024, 20:57:47 pm »
Сега видов кај Лордот дека е употребено Т за алиментација на ладна вода за чешма и бојлер.

Да се разбере најлесно чешма со 2 црева е да се замисли купатилска батерија врзана во ѕид на 2 цевки, ладна водоводна и топла од бојлер.  Од истиот бојлер (не мора да е во купатило) може да се алиментираат и други потрошувачи (централен систем) и во таков случај ни се потребни чешми/батерии со 2 црева/цевки.
Бојлерот е 80+ литри и таму има поголем притисок при загревање на водата. За да не се грее водата низ ладната инсталација се монтира неповратен сигурносен вентил кој се активира во случај на прегревање при одреден притисок (кој сега не ми текнува кој) и водата почнува да истекува од бојлерот за да не експлодира металниот казан. Водата што истекува од бојлерот треба да има каде да се евакуира за да не направи поплава (одводен сифон). И тука завршува потребата од чешми со 2 црева.

Малечки бојлерчиња од по 10ина литри во нормални околности не можат да развијат поголем притисок па така ги има и со пластичен казан. Доколку нема одводен сифон беспредметно е да се постави сигурносен вентил па затоа се употребува чешма со 3 црево кое ја превзема функцијата на сигурносен вентил и вишокот притисок при греење/прегревање капе/истекува во садопер без да се ризикува поплава. Сето ова без разлика дали со метален или пластичен казан, без разлика дали високо или ниско монтажно бојлерче.
Ете, кајј високо монтажно демек дозволуваат пластично со 2 црева под претпоставка дека водата ќе паѓа во садопер, ама кој гарантира дека нема да подлизнува покрај садоперот, така да, дефинитивно бојлерче со пластичен казан ни под разно со чешма со 2 црева за да не се тестира квалитетот на производот (иако и менталниот е ризичен при дефект термостат).
 Но исто така е факт дека во дадени случаи (дали од незнаење) биле монтирани бојлери со  пластично казанче на чешми со 2 црева и си функционирале во нормални околности (термостат на средина) беспрекорно со години😂

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13768
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2420 на: 21 Март 2024, 09:40:54 am »
@Ipkisija Meskosa

Моето е TEG10U. Тоа пукна. Претпоставувам мислиш 2 црева?

Второ, никој не ми кажал за две црева три црева. Ми го шитнаа и чао џаци.

Башка, на Economic ми беше ставено.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2421 на: 21 Март 2024, 09:53:57 am »
Тие што ти го продале бојлерот ич не згрешиле. Ја утнал водоводџијата кој ти тртнал чешма со 2 црева бидејки секако се подразбира дека со мало бојлерче треба да се стави чешма со 3 црева.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10362
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2422 на: 21 Март 2024, 10:41:27 am »
Не изгледат ништо комплицирано за повторно затварање, осум убав лепак.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8623
  • Пичлеме
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2423 на: 21 Март 2024, 11:30:48 am »
@Ipkisija Meskosa

Моето е TEG10U. Тоа пукна. Претпоставувам мислиш 2 црева?
Не мислам 2 црева, како што и напишав, чешма со 3 црева, како што се гледа и на сликата.

Абе за јадење трици и пишвање есеи на форум толкај сме, ама за да ѕирниме упацво ич не не бива, не сме ние од тие што читаат упацтва, се' си знајме ;D

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2121
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2424 на: 21 Март 2024, 11:47:54 am »
5000 денари ми бараше масјтор за лагер менвање. Завршив сам работа за 500 денари лагер, симеринг и силикон.
Е сега најзаебано е сечењето на барабанот, со бонсек полека треба да биди право исечено. После заигра чекан за избивање и набивање.
Ако имаш време и услови ова до го изведиш пробај се сам. Јас дома го сечев, па после кај моите во двор на менгеме завршив работа.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10362
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2425 на: 21 Март 2024, 13:31:11 pm »
@Ipkisija Meskosa

Моето е TEG10U. Тоа пукна. Претпоставувам мислиш 2 црева?
Не мислам 2 црева, како што и напишав, чешма со 3 црева, како што се гледа и на сликата.

Абе за јадење трици и пишвање есеи на форум толкај сме, ама за да ѕирниме упацво ич не не бива, не сме ние од тие што читаат упацтва, се' си знајме ;D
upatstvoto se cita iskljucivo da vidish kaj si zaebal..
lager se nabiva ili so kluc/cefka ili so stariot, ne dirktno, ma da e v plastika, moze kje projde i direks, amasepak nbaj dobro e so cefka/patent kluc.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 654
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2426 на: 21 Март 2024, 14:31:49 pm »
5000 денари ми бараше масјтор за лагер менвање. Завршив сам работа за 500 денари лагер, симеринг и силикон.
Е сега најзаебано е сечењето на барабанот, со бонсек полека треба да биди право исечено. После заигра чекан за избивање и набивање.
Ако имаш време и услови ова до го изведиш пробај се сам. Јас дома го сечев, па после кај моите во двор на менгеме завршив работа.
Може број од мајсторот ?

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2121
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2427 на: 21 Март 2024, 14:47:50 pm »
5000 денари ми бараше масјтор за лагер менвање. Завршив сам работа за 500 денари лагер, симеринг и силикон.
Е сега најзаебано е сечењето на барабанот, со бонсек полека треба да биди право исечено. После заигра чекан за избивање и набивање.
Ако имаш време и услови ова до го изведиш пробај се сам. Јас дома го сечев, па после кај моите во двор на менгеме завршив работа.
Може број од мајсторот ?
070 207 297 Столе
Битола е ова само да спомнам, за среќа не секој од нас живее  во Скопје :)

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 654
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2428 на: 21 Март 2024, 15:10:49 pm »
5000 денари ми бараше масјтор за лагер менвање. Завршив сам работа за 500 денари лагер, симеринг и силикон.
Е сега најзаебано е сечењето на барабанот, со бонсек полека треба да биди право исечено. После заигра чекан за избивање и набивање.
Ако имаш време и услови ова до го изведиш пробај се сам. Јас дома го сечев, па после кај моите во двор на менгеме завршив работа.
Може број од мајсторот ?
070 207 297 Столе
Битола е ова само да спомнам, за среќа не секој од нас живее  во Скопје :)
Фала. Често одам накај Битола, може и ке се најде :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11727
  • Архитект
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2429 на: 25 Март 2024, 10:18:34 am »
Во врска со бољерчето и со чешмите.

Тоа што е монтирано кај @Carpathian Lord е во ред доколку имал метален казан на бојлерчето. Џабе ќе ги тужиш тие што продаваат, затоа што ти си барал казанче и ти шитнале.
Тој што ти го монтирал требало да знае.
Истата ситуација ја имав и јас. Купив бољерче со пластичен казан и чешма со 2 црева. Мајсторот ми рече јас ова не го монтирам. Земи си со метален казан. Одма го сменав со Аристом метален и ете го 8 год не е мрднато, нит капи, нит ништо.

Јас намерно купив чешма со 2 црева, затоа што го сакав тој бренд и таа чешма. Така да ова решение функционира. Само мора да се запазат сите детали.