Клабери, убаво ви вика Саше 91, очекувањата ви се преголеми. Дополнително што во новиве станови цевките за аспиратор се 10цм. Јас во куќа сум па пак, се осеќа мирисот. Предноста на аспираторот е повеќе чадот/мрсното да не завршува во горните елементи и низ ѕидовите во станот.
Друго, како што кажав, и најсилен аспиратор џабе е при 10цм издув, џабе фрлени пари.
Трето, вие со асиратор во куќа каде имате камин, тие 2 работи не одат рака под рака.
Четврто, ако готвите на плин, треба на посебна висина да е монтиран.