Кога сме кај сушари и поправки, имам Аристон, мислам дека само што помина гаранцијата (нешто над 5 години), почна да пушта вода, се гледа под сушарата, не е многу ама не ми се остава така. Тоа го прави секогаш во исто време од програмата (0:47). Редовно се чисти она каде се полни вода (горе), и двата филтера (кај бубањот и оној главниот доле). Има некој претстава што може да биде? Дали да се викаат од сервисот што стои на гаранцијата (од Техномаркет, не знам кој сервис го праќаат) или имате некој искусен и добар мајстор да препорачате? Благодарам