А која е разликата т.е. предноста?
Електромагнетната индукција го претвора садот во грејно тело, не чекаш топлината да се пренесе од плотна на садот па на состојките во садот;
Загревањето е скоро инстантно, доколку е соодветен садот. Вода може да се загрее побрзо отколку во микробранова;
Реакциите на командите (поинтензивно, помалку интензивно греење, пали - гаси...) е инстантно, потполоно исто како да готвиш на плинско;
Самата плотна после готврењето е само топла, не е жешка - едноставно не може да се случи да се изгориш на плотната, кога имаш мали деца, многу битна работа а сум видел и стари што се изгореле од штпорет. Јас дури кога готвам некои работи со поклопец, за да не ми се цеди од поклопецот на плотната, ставам хартиен бришач помеѓу тенџертето и плотната, или палачинки кога праам зејтинот од тавчето што се цеди по надворешниот ѕид не го оставам на плотна да се исцеди, туку ставам хартиен бришач помеѓу.
Штеди струја - пошто самиот сад е грејното тело, немаш загревање на плотна, па контактно загревање на садот, па течноста внатре, загубите на енергија се мнимални.
Мислам дека покрив воглавно се што јас сум приметил како предност на индукциските плотни. Јас користам Zanussi индукциска плотна веќе 8-9 години, и не можам да замислам друг тип на плотна веќе во моја кујна. Тенџериња и тавчиња се најмал проблем, три за почеток, понатаму по потреба се ќе се комплетира. Ако е зорт, купуваш од ефтините емајлирани садови, дур не си најдеш нешто пристојно, и тераш.