Што ти вреди гаранција ако 5 години ги помине во сервис?
Родителите, другар, брат, колешка. Кои подиректни примери од прва рака да ти ги набројам?
Бараш мислење, кој од што има искуство ти кажува мислење. Не е неопходно да го прифатиш.
Беко обичен фрижидер од 12,000 денари со мала комора - очајна изработка, гумите кои треба да дихтуваат се катастрофа, извиткани цели и не лепат добро. Тоа значи само зголемена потрошувачка на енергија која сама од себе ќе плати поскап бренд. Башка максимална експлоатација од неможност да постигне зададена температура...
Додека 100 евра иста големина поскап бренд, енергетски многу поефикасен, саме ќе си се исплати за некој период.
Евентуалните дефекти не ги ни земам во обзир.
Колку пари е твојот одбран Беко поевтин од ЛГ или Самсунг? Вреди ли?
Од Бош верувам дека е поевтин бајаги.
Немој да мислиш дека јас имам кој знае колку вишок пари па се расфрлам со муабети од овој тип!
Чекај си бренд на добар флаер!