Сега видов кај Лордот дека е употребено Т за алиментација на ладна вода за чешма и бојлер.
Да се разбере најлесно чешма со 2 црева е да се замисли купатилска батерија врзана во ѕид на 2 цевки, ладна водоводна и топла од бојлер. Од истиот бојлер (не мора да е во купатило) може да се алиментираат и други потрошувачи (централен систем) и во таков случај ни се потребни чешми/батерии со 2 црева/цевки.
Бојлерот е 80+ литри и таму има поголем притисок при загревање на водата. За да не се грее водата низ ладната инсталација се монтира неповратен сигурносен вентил кој се активира во случај на прегревање при одреден притисок (кој сега не ми текнува кој) и водата почнува да истекува од бојлерот за да не експлодира металниот казан. Водата што истекува од бојлерот треба да има каде да се евакуира за да не направи поплава (одводен сифон). И тука завршува потребата од чешми со 2 црева.
Малечки бојлерчиња од по 10ина литри во нормални околности не можат да развијат поголем притисок па така ги има и со пластичен казан. Доколку нема одводен сифон беспредметно е да се постави сигурносен вентил па затоа се употребува чешма со 3 црево кое ја превзема функцијата на сигурносен вентил и вишокот притисок при греење/прегревање капе/истекува во садопер без да се ризикува поплава. Сето ова без разлика дали со метален или пластичен казан, без разлика дали високо или ниско монтажно бојлерче.
Ете, кајј високо монтажно демек дозволуваат пластично со 2 црева под претпоставка дека водата ќе паѓа во садопер, ама кој гарантира дека нема да подлизнува покрај садоперот, така да, дефинитивно бојлерче со пластичен казан ни под разно со чешма со 2 црева за да не се тестира квалитетот на производот (иако и менталниот е ризичен при дефект термостат).
Но исто така е факт дека во дадени случаи (дали од незнаење) биле монтирани бојлери со пластично казанче на чешми со 2 црева и си функционирале во нормални околности (термостат на средина) беспрекорно со години😂