Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 507630 пати)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1800 на: 01 Септември 2021, 10:59:46 am »
Ист ваков аспиратор набавен и треба да се мести кај пријатели. На хартија вшмукувачката моќ наводно е поќе од доволна, во пракса ќе видиме.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1801 на: 01 Септември 2021, 11:00:53 am »
Како да проверам дали аспиратор има доволно вмукувачка моќ? Салфетка лепи кога ќе му ставам, ама вчера пржев работи за тест и некако како да ми нема доволно вмукувачка моќ или пак јас очекувам аспираторот како правосмукалка да е јак. Со црево е поврзан со оџак. Ми го местеа, јас не бев тогаш дома, па сега не знам што да проверам, да видам дали е добро/лошо наместен.
https://www.elica.com/WW-en/hoods/built/elibloc-ht
Овој со 645м3 го стави? Тоа треба да е одлично вака по бројки. Инаку не е ова хауба во 7мица па да влече ти како што сакаш. Неговата задача е да направи низок притисок околу шпоретот и да створи микро ветер кон шпоретот, којшто нема да дозволи да се рашири мирисот на повеќе од 2-3 метри од шпоретот.
Тоа е едно.

Друго, ова е аспиратор. Значи има издув. Тој издув колку што издувува мора од некаде и да влече. Значи треба да има некаде врата/прозор кој ќе овозможи дотур на воздух за аспираторот да може да го исфрли. Значи не е тој вакуум пумпа па да работи без воздух.

Зошто го кажувам ова. Ако се стари прозорите нема гајле и така се хаос со заптивање така да ќе си има од каде да влече. Но, ако се нови прозорите со добро заптивање, и вратите исто, аспираторот нема од каде да влече воздух. Ќе го намалува притисокот на воздухот се повеќе и повеќе и прво што ќе направи е водата во сифоните ќе почне да пропушта (ако се поплитки). И може да ти смрди на канализација од сифоните. Значи тоа да го знаеш од каде доаѓа. Обично за кратко не се осеќа, ама ако ставиш нешто да се готви, и упалиш аспиратор со се затворено може да замириса после некој саат.

Накратко ти треба едно прозорче на кип било каде во станот. Со тоа прозорче го регулираш микро ветерот што ќе се случува низ станот.

А за да провериш дали работи запали малку кафе во тацничка на шпоретот и ќе почне многу да чади. И ќе видиш каде ќе оди чадот.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1802 на: 01 Септември 2021, 11:13:07 am »
@Deni  Тој конкретниот го ставив. Го зедов зошто на хартија е одличен. Ценовно околу 8000 ден е, што значи не е ни скап. Има аспиратори со илјадници денари...

Прозорот исто е нов. И вчера баш тестирав, пржев тиквици, како најбезболни за тест :D

Неколку минути пред пржење го уклучив аспираторот, по пржење го оставив 10мин сигурно да работи (така стои и во прирачникот). Прозор отворив. Завршив работа, излегов надвор, влегов во стан, пак мириса на пржено. Не многу ама мириса.

Салфетки ставав, ги лепи без проблем. Така да изгледа проблемот до мене е - не е ова хауба во 7мица па да влече ти како што сакаш. Јас имав замислено дека ова вакум прави :D така да ваљда се си е во ред, само сум имал ваљда нереални очекувања. Во претходниот стан имав аспипратор за украс, што само бучеше а не влечеше воопшто и затоа си имав замислено дека овој ќе ја откорно плотната :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1803 на: 01 Септември 2021, 11:23:02 am »
Прозорот што си го подотворил, да не е преблиску до аспираторот? Пробај подотвори прозорец од друго место што е подалеку. (Може и надвор од кујната ако е отворена или подотворена вратата) Претпоставувам микро ветерот е многу блиску и нема доволно паднат притисок во кујната.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1804 на: 01 Септември 2021, 11:42:12 am »
@Deni Прозорот го отворив целосно. Истиот е на 2м од кујната. Предлагаш на кипање да го оставам следен пат? Или?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1805 на: 01 Септември 2021, 11:50:30 am »
@Deni Прозорот го отворив целосно. Истиот е на 2м од кујната. Предлагаш на кипање да го оставам следен пат? Или?
Да го затвориш тој прозор, а да отвориш на кипање некој што е на 5-10 метри од кујната. За проба.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1806 на: 01 Септември 2021, 12:23:21 pm »
Неможе да пржиш во стан и да не мириса на пржено кога ќе влезеш од надвор :) Обичниве аспиратори немаат толкава моќ. За жал такви се сите. Не се замарај терај си, топ си е. Чисти си филтрите одвреме навреме во машина за садови (пушти ја на програмата за тенџериња) и тоа е тоа.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1807 на: 01 Септември 2021, 12:40:58 pm »
Неможе да пржиш во стан и да не мириса на пржено кога ќе влезеш од надвор :) Обичниве аспиратори немаат толкава моќ. За жал такви се сите. Не се замарај терај си, топ си е. Чисти си филтрите одвреме навреме во машина за садови (пушти ја на програмата за тенџериња) и тоа е тоа.

@Sase_91 Овој на хартија е доста моќен. Еден од појаките затоа нешто нејаснотии имам, ама ќе тестирам викендов па ќе ви пишам што како. Инаку Алумиумски е филтеров, мрежа, не е челичен (би сакал да беше ама јбг) Тој дечкото што продаваше исто кажа стај го во машина, ама во прирачникон стои или рачно или ако веќе го ставаш во машина на најмала температура, на најкратка програма. Програмана за тенџериња кај мене е 2 и нешто саати :D Ама алу не би требало да има проблем, 600+c му е мелтинг поинт. Јбг нуб сум за аспиратори. Претходниот нефункционален тотално, па сега се чудам со овој :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1808 на: 01 Септември 2021, 12:54:06 pm »
Јас го дрндав филтерот во машина за садови, па ајде 2 перења едно по друго, дури и со по 2 коцки пробав, џабе.

Сега го перам филтерот во двор со арисдеграс, зачеткувам убаво со четка за заби, потоа со црево го плакнам убаво.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1809 на: 01 Септември 2021, 13:34:19 pm »
Клабери, убаво ви вика Саше 91, очекувањата ви се преголеми. Дополнително што во новиве станови цевките за аспиратор се 10цм. Јас во куќа сум па пак, се осеќа мирисот. Предноста на аспираторот е повеќе чадот/мрсното да не завршува во горните елементи и низ ѕидовите во станот.
Друго, како што кажав, и најсилен аспиратор џабе е при 10цм издув, џабе фрлени пари.

Трето, вие со асиратор во куќа каде имате камин, тие 2 работи не одат рака под рака.

Четврто, ако готвите на плин, треба на посебна висина да е монтиран.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1810 на: 01 Септември 2021, 13:39:50 pm »
Не се сложувам дека е џабе. Разликата е многу голема со и без, особено за смрдливи работи.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1811 на: 01 Септември 2021, 13:46:48 pm »
Не е џабе дефинитивно, ама нема ни максимум перформанси да добиеш. Инаку да во право си, цевката во зидот беше 11цм, па редуцири глупости купував да го намалам алу цревото да го собере. Уште првиот пост спомнав дека сигурно очекувањата ми биле преголеми.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5315
  • Пиши лаже
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1812 на: 01 Септември 2021, 13:52:51 pm »
Се сложувам и со Дени и со Саше.
Пробај првично како што рече Дени, знае да смета и џамот бидејќи влече накај него аспораторот кај него и си добил ништо. :)
Исто така, за перење доволно ти е и со Арис ако немаш машина за садеви. Нашприцај озгоре, остави го во жешка вода да одкисне и тоа е тоа.

Sent from my Samsung S20 FE

Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5930
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1813 на: 01 Септември 2021, 13:59:58 pm »
Јебеш му, затоа јас во стар стан надвор на балкон имам шпорет со рерна, тоа дома за кафе и супа се користи :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1814 на: 01 Септември 2021, 14:12:24 pm »
Кај мене е на 150-ка црево, 600 вати.
Ако го уклучи некој на најсилно ме станува од кревет и право седнувам да јадам.
Министерство за транс, поп и виски.