Договорот постигнат меѓу кинескиот производител на автомобили Chery и израелската компанија Quantum LLC условува создавање на нова марка автомобили која ќе го носи името Qoros.
Целта на создавањето на новата марка е кинескиот производител да може полесно да влезе на пазарот во Европа и да почне нова етапа од својот бизнис во која покрај пордажбата стои и производство на автомобили на Стариот континент.
Градењето на фабрика во Европа е извесно бидејќи партнерите планираат инвестиција од 1,5 милијарди евра во која покрај градењето на погони влегува и раширување на обемна дилерска и сервисна мрежа.
Моделите кои ќе се продаваат под марката Qoros ќе бидат означени како CF1X, CF11, CF14 и CF16. Сеуште нема информација за типот на возилата, но според имињата се претпоставува дека CF1X ќе биде кросовер со погон на четири тркала.
Понатаму, CF11 ќе биде мал автомобил, CF14 компакт и CF16 поголем седан. Колкав ќе биде капацитетот на фабриката во Европа сеуште не се знае, но планот е да се произведуваат повеќе возила отоколку во фабриката на Chery во Кина.
Таму годишното производство е 300.000 примероци, од кои половина одат за извоз, а половина се продаваат на кинескиот пазар. Во која европска држава ќе биде поставена фабриката на марката Qoros и кога ќе почне нејзината градба и кога ќе стартува производсвото сеуште не се знае.
Исто така нема информација кога за првпат ќе бидат претставени најавените модели, барем како концепт.
http://www.vozi.com.mk/vesti/chery-so-nova-marka-vo-evropa.html