Samsung S21Fe излегува за некој ден, цената на А52 ке падне за недела две, ако и не е веке падната.
Ледиком мислам само што ја намалија на 18к за 4г варијантата со 8гб рам.
Софтверот на Самсунг е далеку по оптимизиран од било кој Xiaomi.
Пример, Андроид Ауто, на Samsung е вградено во Settings, а Xiaomi треба да си симнеш apk и мануелно да инсталираш.
Исто и GCam, добра е, но треба некое време да ја средиш и наместиш.
Тука лежи главната разлика, дали сакаш да купиш телефон и да не му се замараш, или ти е интересно сам да поднесуваш работи на неколку месеци оти Xiaomi после секој update ке ти за**е нешто.
Според мене, мислам дека е подобро некој стар flagship отколку нов.
Инаку и јас сум на иста мака во моментов, дали нов А52 или Mi 11 Lite или половен Samsung S10, S20, S10 Lite...
Минатата недела бев до Mobelix да земам од тие експонатите, ама испадна дека се сервисирани тие. Погледнав со заменети задни стакла или стакленца на камера на сите.
Пиши за што ке се одлучиш.
edit. Еве, A52s со појакиот процесот е веке достапен во Нептун на 22к
https://www.neptun.mk/categories/mobilni_telefoni/SAMSUNG-A52s-5G--SM-A528BZKDEUC--6-128GB-Black-DS