Здраво дечки,
Значи девојка ми положи, и сега сака да си купи кола. Буџетот е до 2500 евра со регистрација (евентуално до регистрација).
Немам време да увезувам од Германија, и решив да барам од овде со средени документи. Од опрема се што треба е да има клима (ако е ептен добро количето и ќе замижам за без клима) и серво, да е понова од 2001ва, макс 150 000 километри.
Коли/Модели за избор се следниве
Рено Клио, Опел Корса, Форд Фиеста/Фокус, Хјундаи Гетз, Шкода Фабиа, Фолксваген Поло/Голф, Пежо 206/307, Фиат Пунто/Фиат Стило, Сеат Ибица....
Значи релативно мало возило. Гледам низ огласиве, листам, ама целото ѓубре од Бугарија е тука, и многу ретко да видам некое возило.
Значи ако имате од пријатели, роднини, познаници, некое добро возилце (преферирам неувезувано) кое го продаваат, а знаете дека е добро возило, ве молам да пишете тука, пп, итн.
Понуди од бизнисмени кои сакаат да спечалат пари на мој грб, не сакам. По принцип не се ценкам за коли, ама и не сакам да ме заебаваат.
Значи, сериозна е работата, почна да ми го бара бмв-то да оди на работа со него.
