Автор Тема: Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем  (Прочитано 7083 пати)

Отсутен Smok994

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем
« на: 09 Ноември 2014, 15:45:40 pm »
Здраво на сите, Имам проблем со Меган 1.5 дци 60 киловати 2004 година.
Автомобилот не пали и не дава никаков знак тоа што можев да проверам е во ред вредностите на сенозорите и вредностите на дизните по податоците на аутодата и толеранцедата се во ред со старт спреј дава знак па мислам дека со механичките делови нема проблем реното има 280000 км го купив во оваа состојба по кажувањата на сопственикот се било во ред со возилото и наеднаш престанало да пали.
Кога вергла на некои 280-290 обртаи притисокот оди до 800-900 бари , со дијагностиката што ја имам не покажува никакви грешки на бордкомпјутерот се пали injection defaillante и свети service единствено нешто шо не ми изгледа како да е нормално е што на ливедата за intake air temperature  дава -40 степени ако некој знае што би можело да е проблем поздрав

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем
« Одговори #1 на: 10 Ноември 2014, 12:18:44 pm »
треба да го смениш iat сензорот,го спрема моторот за ултра ладен старт на -40 степени,со многу повеќе гориво
незнам како е кај реновциве,али пробај да го отштекаш сензорот и да го запалиш,може ќе работи во лимп моде али ќе работи

Отсутен Smok994

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем
« Одговори #2 на: 10 Ноември 2014, 20:04:28 pm »
пробав со одштекан map/iat сензор исто покажува -40 ,на овој модел map/iat сензорот е еден со 4 жици на него но податокот  од Map сензорот кога е одштекан е "0 bar" а кога е штекот ставен покажува "0.97 bar" и не се менува при вергланје. дали е проблемот во него и дали од тоа не пали ?? поздрав

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем
« Одговори #3 на: 10 Ноември 2014, 20:07:41 pm »
Другар никој не ја остава колата да не му пали и да ја продава испод цена заради некој сензор.

Отсутен Smok994

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем
« Одговори #4 на: 10 Ноември 2014, 21:13:15 pm »
4 години сум во Франција се случувало и за филтер за гориво да купам кола за многу пониска цена од реалната
......

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем
« Одговори #5 на: 10 Ноември 2014, 21:26:11 pm »
Мислам дека можеш со унимер да го провериш мап сензорот. Во секој случај, зависи со која програма ги читаш вредностите и дали е тука засметан атмосферскиот притисок или не.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем
« Одговори #6 на: 11 Ноември 2014, 00:59:54 am »
овој треба да има maf а не map сензор
неможеш да најдеш половен сензор и да пробаш ?

Отсутен Smok994

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем
« Одговори #7 на: 11 Ноември 2014, 18:08:35 pm »
Maf и iat сензор е еден на овој модел дали од него може да не пали

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем
« Одговори #8 на: 11 Ноември 2014, 22:08:32 pm »
друже... ти имаш кола што не пали.. 3-ти ден се замајуваш на форумов обидувајки се да го запалиш со прашања...

мислам, WTF? носи колата во сервис што чекаш?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем
« Одговори #9 на: 11 Ноември 2014, 22:30:47 pm »
Ако го отштекаш маф сензорот т.е iat сензорот пробај и да го ресетираш  комп. можеби ги памте  грешките затоа извади ја клемата од акумулаторот на 30 мин и пак врати ја .....

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем
« Одговори #10 на: 12 Ноември 2014, 00:00:39 am »
друже... ти имаш кола што не пали.. 3-ти ден се замајуваш на форумов обидувајки се да го запалиш со прашања...

мислам, WTF? носи колата во сервис што чекаш?


во франција е,најверојатно ја земал за џабе и сега пробува сам да си ја опраи зошто сервисот би коштал повеќе од колата

Maf и iat сензор е еден на овој модел дали од него може да не пали

може

Отсутен Smok994

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем
« Одговори #11 на: 12 Ноември 2014, 23:33:10 pm »
ако знае некој нешто нека каже а тоа каде сум и што правам мислам дека не е важно

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем
« Одговори #12 на: 12 Ноември 2014, 23:55:23 pm »
од форум, толку помошта... на форум ке добиеш одговори од типот може е ова, ова или ова... ти веке ги доби тие... што понатака да ти каже некој?

кола што вергла а не пали може да има цела серија на проблеми.. прво и карактерситично како болка на многу ренолчиња е сензор на радилица... но може и друго да биде... повели листа:

-сензор на радилица
-маф сензор
-елкетрична пумпа во резервоар (ако ја има)
-прегорен компјутер
-прекин на струја во пумпа
-скршен механички дел во пумпа за над притисок (бош пумпа)
-затнат довод на гориво до пумпа за над притисок
-лошо гориво
-бензин наместо нафта
-пукнат филтер за гориво
-заглавен вентил за притисок во дизни во позиција на отворено на повратно црево
итн итн...

пола од овие работи неможеш да ги провериш сам ама баш никако... треба авто дијагностика и мајстор... тоа што ке го откачиш од џек овој или оној сензор нема да смени ама баш ништо. ако не работи истиот, со откачување нема да проработи моторот бидејки си го бара закачен сензорот...

значи нај добронамерно ти посочив да идеш на мајстор, затоа што после 3 дена пишување (сега више 5-6) ако не го најде одговорот на форум, нема ни да го најдеш... а ти како сакаш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Smok994

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем
« Одговори #13 на: 17 Ноември 2014, 16:00:21 pm »
Конечно решен проблемот заглавени беа сите 4 дизни иако не ми е јасно како сите 4 успеале да заглават наеднаш , одкако ги исчистив работи перфектно поздрав и фала на одговорите .

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Рено мегане 1.5 дци 2004 Проблем
« Одговори #14 на: 17 Ноември 2014, 20:34:27 pm »
како успе да детектираш дека се дизните заглавени, па уште и сите 4 наеднаш? и уште поинтересно прашање е: како тоа со чистење успеа да поправиш ДИЗЕЛСКИ дизни, кои биле заглавени? и тоа на дци мотор? да бев лаик, да не ги разбирав работите и да не сум бил инволвиран премногу пати, веројатно и ке ти се израдував на успехот...

јас мислам:
-или појма немаш што збориш, т.е. нешто друго било што при демонтирање и монтирање сте го мрднале и се приоправило привремено...
-или мафташ тука (од причини познати само за тебе), колку да испаднеш некаков шизик веројатно...

во секој случај, мило ми е што ти проработе количето... со среќа да си го возиш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време