Одлични се Форс, јас имам битови од нив и рачвасти кључеви и немаат гајле. Од каде ги зема и колку? Хубо? И јас сакам да земам едно вакво комплетче, се мислев за њурт зебра од лукоил со купони, али многу ми малечко тоа некако, а ова ми делува топ.
Јас за сефте земав Форс, ми ги препорача баџото, со нив растура шлепери и на крцкалата става цевки па кине штрафови

Дома имам алати Униор и Бахо и сум презадоволен, ама се далеку поскапи.
Форсов ги земав од Солун за 109е со тоа што ова е хеви дути серијата со доживотна гаранција (жолто-зелени рачки), а имаш и по обична серија (црно-црвени) рачки кои се поефтини.
Сетов се купува еднаш за цел живот па препорачувам да ја земеш по професионалната серија, незнам колку е разликата во цена.
Инаку што се однесува до Вурт алатите, Вурт нема сопствено производство на алати туку откупува од други брендови и ги брендира како Вурт.
Зависи на што ќе налеташ, не дека се лоши, ама мачка во вреќа

Имав еден поефтин сет и на одвртување на 17ка крцкалката се зезна.
Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk