Тоа е тоа озвучење за кое ми плаче работната соба. Неверојатно комплетени, прецизни, ефикасни, динамични и рафинирани студиски монитори. Блазеси ти...шо пари? од каде ги зема? впечатоци?
Ги земав од Амски кај нас, ги има и во Артист (126000ден парче), ама Амски ми даде одлична цена (ќе ти пишам ПП), на ниво на таа што ја имав од европски продавници и реков од кај човекот ќе ги земам.Ги чекав 1 месец скоро и збудалев
Денеска ќе ги распакувам и ќе почнам да си играм со нив, ќе ми треба малце време додека ги интегрирам во собата како што треба, па ќе пишам повеќе импресии (најверојатно на ИТ форум ќе биде со слики детално), овде мислам не е ова интересно
Ги имам слушано толку многу пати и секогаш ме оставале без здив (од сите причини што ги наброја), а сега ќе биде главниот тест во мојата соба.