од Шате на Качанички ги земав, има 3,4 вида на комбинација бои истава плочка
димензии :
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
http://www.grespania.com/catalogos/islas.pdf
Планирам и јас за во бањата од Шате Битола да земам.
Дознав дека дел од плочките му се од Бугарија од фабриката Керос која наводно шпанецот ја отворил во Бугарија. Ќе доразмислам мада повеќето во МК се декларирани шпански а се од Бугарија! Да не откривам транспортни деловни тајни...
Ауди и Козаностра, плочките ги земав од Данекс, добро го знаете. Таму знам дека се Шпански а и цената е многу многу фер.
За жал нема многу избор па ништо не бендисав за бањата па планирам пак до Струмица и Битола за да си купам плочки за во бањата.
Во Пилис Неготино има избор. Женската бира од сите увозници по некој модел и стварно се труди да ти направи одлична комбинација само што јас не сум спремен пак да земам Српски, Бугарски или Турски плочки и пак да ми испукаат како Хрватските во станот кои ги земав од Минас комерц каде сега не ме бендисува ама баш ништо а не сум бил едно месец дена уназад. Не мора да се сложите со мене, тоа е само мое искуство и мој избор.
Ќе продолжам да барам Шпански, евентуално Италијаснски.
Има во Шате, во 3 дуќани во Струмица ама цените се од 1000 до 1800 денари за квадрат што е висока цена за мене. Во Мега Скопје има некои страшни дизајни по страшни цени и исклучиво по нарачка.