Стигна 
DENON AVR-X4200W.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Добар избор, со здравје да го користиш.
Ако го подесиш во сетинзите како што треба, ќе слушнеш каков добар звук може да извади. За вакви ресивери најважно е тоа.
Овие луѓе што ги правеле овие ресивери, или биле на тежок лсд, печурки или не знам што. Не не, најверојатно жени го имаат правено, вака само жена може да закомплицира...
24 часа не успеав да пуштам музика.
Се убив од калибрација и сетинзи. Прво не биваше, па го врзав на ви фи, па преку браузер преку ип адреса влегување у мени... Таму ајвар, сирење, маслинки, се испомешано... Ај полека, ај ај ај, дојдовме до некаде. Па на една трака ок, на друга не праи мерак. Ај пак.
Па пи*ка му матер, дај хеви, флет, диско преситс и готово. Шо јас научник ли сум?
Бидна ај до некаде. Го поврзав на е-арк со хдми, и почнавме пак... Палиш тв, се пали ресиверот, трга на звучници. Префрлам на блутут да стримам преку лап топ, на тв врти на денон мени, не остава таму тв канали да си тераш. Алоооо чат гпт, ааа да


оди во хдми мени, таму он оф лево десно.... Оооооффф лелееееее,.... Кој ќе работи на лозје ја ако штимам денон годинава, не знам.
Ракија не чекајте
