Одамна не се исплати носење на Хардвер од грција. Кај нас е поефтино. Освен ако купуваш нешто што нема кај нас.
Не се слагам воопшто.
Има продавници што враќаат целосен данок од 24% на македонска сметка, без провизии, без да се враќаш да земаш кеш од дуќан и слично. Плаќаш онлајн со картичка, ти го враќаат данокот на картичка/сметка.
Ме мрзи да рачунам точно (со фактури и се тоа), ама имам заштедено цирка 1500 евра од пазарување хардвер таму VS цените што биле тука во истиот момент, за исти работи/модели.
Ова од 5-6 порачки.
Чисто за информација - дронот што го купив од Repella.gr ми излезе 17000 денари поевтино отколку од цените што беа во МКД (Анхоч, Pix+)

Се извинувам, ама ова е апсолутно спротивно од она што го тврдиш. 17000 денари од една порачка не е за занемарување. Ова е цел викенд за двајца, баш долу кај нив.