Го земав од
некој сајт кај што беше најефтин во понеделникот. Го земав за 469 еур, мислам дека не бил никогаш поефтин.
Кога го отворив и видов колку е голем саатот, си помислив дека се заебав. 51мм е оваа верзија, ама не ми стои лошо на рака, иако имам тенки раце накај дланката.
Беше напунет на 67% батеријата, еве до сега е паднат на 60% за 4-5 дена (не сум го полнел). Тоа се должи на соларот и секако на самата батерија која е поголема од другите 2 верзии (7 и 7S).
Бев 2-3 пати во теретана, еднаш и статичен точак возев, и ми се допаѓа што во секое време ми мери откуцаи на срце, мери калории, време и друго за време на вежбањето и што го менува контрастот на самиот саат. Уствари ја прави позадината бела а бројките црни и по некоја боја има за интензитет мислам, па е доста лесно да ги видиш информациите на дисплејот.
Кога не вежбам ми е наместено осветлувањето на 30%, тогаш е во главно црна позадината и бројките се бели, те осветлени па и на така мала осветленост на дисплејот можеш без проблеми да видиш колку е саат. Со движење на раката можеш да активираш и осветлување.
Не успеав да наместам Гармин Пеј, зашто немам картичка од неколкуте банки во Германија кои го имаат овозможено тоа, па останува да си плаќам со мобилен.
За сега ми прави мерак, не ми тежи на рака, иако е мислам 5 пати потежок од арм бендот што го имам од Хуавеи. Не сум го прочепкал многу детално да видам што се опции има.