Телефонот што јас го избрав за 20500 денари пред точно 3 години уште тера одлично во перформанси.
Батерија еднаш сменив на 2.5 години старост.
Ќе тера додека не го искршам од негрижа и невнимание, зошто хардверски со 6 гига рам и 128 гига сториџ е сосема доволен и за денешно време.
Не знам што правите со телефоните толку да ви треба беспрекорно флуентен софтвер со автоматизации, курсетресе фичрс и све остало, за да можете да оправдате 50.000 денари за телефон.
И кога ќе ми спомне некој "ама камерата не знаеш колку е боља од Самсунг" а највише што сликал е макијато со наочарите во кафич или селфи во огледалото во Трибека... Тоа е врх.
Едноставно е, сакав да го имам најдоброто во моментот и го купив. Тоа беше S21U кога го земав. Мене ми биле интересни секогаш тие работи, 2010 кога го купив првиот Андроид, по 2 дена веќе имав сменето кастум РОМ со Андроид 2.1. (тогаш беше 1.6)
Сакам да биде флуидно бидејќи 90% од времето што го минам пред екран го минам пред телефон. Така да не би сакал да се нервирам непотребно.

Камерата, тука нема да коментирам, ама со моето скромно искуство последниве години со телефони и слики, пак ке тврдам дека S21U има подобра камера од било кој Ајфон(освен 13ПМ како што реков). Сликам и тестирам доста работи што не ги прават другите, додека пак не сликам кафиња и селфиња што прават сите.

Тоа би било на кратко, мојот одговор.