Да, едина мана на саатов му е тоа. Мене ми е битно и да е издржлив, да не се гребе од самото носење јакна врз него и слично.
Башка, гледав рецензии некои, сензорот за пулс му е горе доле точен, додека тој за Spo2 гледам дека доста е неточен. Иако, не е нешто што треба да му се верува на било кој саат, сепак очекував барем за тоа да е поточен.
Исто така, не ми се допаѓа тоа што не можам да враќам на нотификации (во апдејт пуштија само за смс), не можам да ѕвонам преку самиот саат, работи што ги користам редовно од овој досега.
